Мицкоски објасни дека прашање на време е кога дел од тие жртви ќе се охрабрат, затоа што гледаме дека секој ден се охрабрува некој нов, кој што е жртва на овој процес рекет и кажува како и на кој начин се вршело рекетирањето. Тој истака исто така дека нема да помине многу време и за други жртви на рекет, но во други случаи, кои ќе посведочат и пред камера и во обвинителството и ќе приложат докази.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јули, 2019 23:11

Мицкоски: Жртвите на случајот наречен “Рекет”, пред нас сведочеа и положуваа докази

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за ТВ Сител истакна дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е принципиелен и  јасен и постои основано сомневање, кое што го потврди и јавниот обвинител кој што го работи тој случај, кој што кажа дека гласот на Катица Јанева се слуша во доказниот материјал и немаме никава дилема дека треба да се истражи случајот.

-Врз основа на разговори водени на луѓе кои што се опфатени со овој процес кои што јас сум ги водел лично,кои што ги воделе моите соработници, ние јасно се соочивме со жртвите на овој случај наречен рекет, кои што пред нас сведочеа и положуваа докази. На дел од тие, доказите ги насочивме таму каде што им е местото да ги презентираат, а тоа е во јавното обвинителство, а дел кои што немаат материјални докази се плашат да излезат јавно да сведочат за рекетирање од врхушката на власт, вели Мицкоски.

Тој објасни дека прашање на време е кога дел од тие жртви ќе се охрабрат, затоа што гледаме дека секој ден се охрабрува некој нов, кој што е жртва на овој процес рекет и кажува како и на кој начин се вршело рекетирањето. Тој истака исто така дека нема да помине многу време и за други жртви на рекет, но во други случаи, кои ќе посведочат и пред камера и во обвинителството и ќе приложат докази.

-Очекувам дека овој случај ќе се расветли, и не само овој случај, но и останатите случаи кои што беа во минатото или кои што ќе следат во иднина ќе бидат расветлени, вели Мицкоски.

Извор Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести