Како што дополни, јасно се гледа контурата на главата на октоподот за што тој нема дилема кој. Видовме, рече Мицкоски, дека дури и оние лица кои располагале со ПИ мерките кога виделе каде се упатува Јанева престанале да снимаат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 февруари, 2020 23:57

Мицкоски: Заев и Јанева другарувале во минатото, ситуацијава со “Рекет” е резултат на нивното другарство

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Христијан Мицкоски, лидерот на најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ, денеска рече дека како ќе заврши случајот „Рекет“ не зависи од политичарите, туку од судството и обвинителите. Мицкоски вели дека никој во државата не се одважил да го повика поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, да даде исказ што се случувало.

-На целата јавност и е јасно дека Зоран Заев и Катица Јанева другарувале во минатото и оти нивните потези се резултат на тоа другарство. Зошто тоа другарство и на кој начин престанало претпоставувам дека е една од причините е и случајот „Рекет“. Од друга стара, Заев другарувал и со сопственикот на медиумот, односно бил толку непосреден со него што дури го советувал и прашувал од каде му средства да го финансира медиумот. Бил свесен за активностите на Меѓународниот сојуз којшто работел со локални бизнисмени во државата, а не гледам дека Заев е повикан во случајот Рекет 2 да сведочи за тој Меѓународен сојуз за да на крај и самиот признае дека ја помагале телевизијата на начин на којшто ја помалаге во тие месеци. Никој во државата не се одважи да го повика Зоран Заев да даде исказ што се случувало, рече Мицкоски во коментар на последната разврска на судскиот процес за „Рекет“.

Како што рече Мицкоски јасно се гледа дека дури и оние лица кои располагале со ПИ мерките кога виделе каде се упатува Јанева престанале да снимаат.

-Видовме оние кои го снимале веќе осудениот Зоран Милевски кога оди на средба кога виделе со кого ќе се сретне престанале да снимаат. Така што, очигледно ова е семејна професија, како понатаму ќе заврши овој случај не е до нас политичарите, туку до судството и обвинителсвото. Ако заврши како што треба јасно се знае каков треба да биде епилогот, а ако не нема да бидеме на 106.место на листата на Транспаренси интернешнл , туку на 160, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.