Ветуваа загарантиран откуп, ветуваа големи субвенции, ветуваа помош за земјоделците, а реалноста е поразителна

Објавил: admin@magazin | 29 март, 2019 11:45

Мицкоски: Заев, ние сме пиреј, колку и да нѐ корнеш, ние пак ќе растеме

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

СДСМ континуирано ги лаже земјоделците и сточарите, а сѐ што им вети Зоран Заев на земјоделците пред изборите, и по изборите остана пусто ветување, мора да му ставиме крај на ова понижување што го трпат земјоделците, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоскипри посетата на Валандово, Богданци,  и Ново Село.

Со СДСМ на власт економијата на Република Македонија само уназадува, а бедата во која живеат граѓаните постојано расте. Македонските граѓани заслужуваат подобар живот, а тоа може да се случи единствено кога СДСМ и Заев ќе си заминат од власт, реагираат од ВМРО.

„Мора да му ставиме крај на сето она понижување и омаловажување, на сите оние лаги кои што за жал денеска во Република Македонија се секојдневие. Тој човек денеска нѐ убедува нас дека работел за идните генерации, какви идни генерации кога ти коренот ни го исече. Но, повторно ние сме како пиреј и колку да не корнеш, господине Заев, ние повторно ќе растеме троскот и повторно ќе растеме. Нека слушаат и нека следат и нека запишуваат за целиот криминал, за пљачката, за осиромашувањето, за сите лаги од прв до последен ќе одговараат пред законот.

Мицкоски потсети на јаболкарите кои ги сечат стеблата на дрвата во Ресенско, на сливарите кои ги фрлаа сливите во Пијанец и Малешевијата, на нежнеаните житни полиња во Пелагонија, и на необраните раноградинарски култури во Валандово, во Богданци, во Струмичко.

Ветуваа загарантиран откуп, ветуваа големи субвенции, ветуваа помош за земјоделците, а реалноста е поразителна.

Ианку, дури 200 германски компании потврдија дека СДСМ се неспособни да раководат со економијата. Тие  ги потврдија и криминалните и матни тендери, но  и правната несигурност која создава овој криминален картел на власт.Фактите говорат дека откако СДСМ е на власт граѓаните живеат се посиромашно. Младинската невработеност е 47,6%, а повеќе од 500.000 жители живеат под прагот на сиромаштијата и едвај врзуваат крај со крај, се наведува во соопштението на партијата, во однос на економијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...