Имено италијанскиот пејач својата светска турнеја ја започна во февруари оваа година, а викендов одржа и спектакуларен концерт во Скопје со што го оправда и епитетот италијански заводник и миленик .

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 октомври, 2019 10:55

Мицкоски заедно со сопругата пееше и уживаше во песните на Ерос Рамацоти (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк Фото курир.мк

Италијанскиот миленик на публиката, Ерос Рамацоти викендов буквално го запали Скопје со својот концерт во „А1 Арена“ .

71305922_410419252994238_7940272036306223104_n-700x466
Христијан Мицкоски на концерт на Ерос Рамацоти фото Курир.мк

Имено италијанскиот пејач својата светска турнеја ја започна во февруари оваа година, а викендов одржа и спектакуларен концерт во Скопје со што го оправда и епитетот италијански заводник и миленик .

 

Секако арената беше преполна од обожаватели а меѓу нив имаше и многу познати јавни личности од светот на шоубизнисот, така и од областа на јавниот, културниот и политичкиот живот во Македонија.

Меѓу нив беше и претседателот на опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во придружба на својата сопруга Рози . Тие заедно ги пееа песните на италијанскиот заводник и покажаа дека светските културно-музички вредности им познати и блиски.

72221399_676161119535552_2903170761340485632_n-700x517
Лидерот на ВМРО со својата сопруга Рози фото Курир.мк

Двојката уживаше во познатите хитови на еден од најдобрите вокали, а од таму си заминаа со позитивна енергија, воодушевени од атмосферата и она што како музичко-сценски перформанс го понуди италијанската музичка ѕвезда.

 

На концертот во Скопје Ерос Rамацоти го промовираше и најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n’e“.

Инаку Ерос Рамацоти е роден на 28 октомври 1963 во Рим, и е еден од најпознатите италијански музичари, пејачи и текстописци. Рамацоти е многу популарен во Италија земјите кои спаѓаат во шпанското говорно подрачје, поради фактот што тој ги издал повеќето негови албуми на италијански и шпански јазик.

Извор:Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.