Тоа што го знаеме е дека тие сигурно имаат информации за случајот со рекетот и голема присутност на корупцијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 ноември, 2019 15:44

Мицкоски за „Вечерњи лист“: Макрон ја блокираше Македонија бидејќи Заев му даде аргументи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за хрватскиот медиум „Вечерњи лист“ изјави дека премиерот Зоран Заев всушност му даде аргументи на Макрон да ја блокира Македонија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за хрватскиот медиум „Вечерњи лист“ изјави дека премиерот Зоран Заев всушност му даде аргументи на Макрон да ја блокира Македонија.

На прашањето на новинарот на „Вечерњи лист“ зошто Макрон на блокирал Македонија, Мицкоски го даде следниов одговор:

Најпрвин ќе морам да ве корегирам, сметам дека ова не е еднострана одлука на претседателот Макрон, туку позади оваа одлука стојат уште неколку земји членки на ЕУ кои имаат аргументи за одлуката која ја донесоа. Тоа што го знаеме е дека тие сигурно имаат информации за случајот со рекетот и голема присутност на корупцијата. Сигурен сум дека тие имаат податоци за блиските контакти на Заев со сега приведениот Боки 13 кој има провладина телевизија. Сигурен сум дека се информирани и за злоупотребата на Катица Јанева, која беше црвена линија на Заев кога зборувавме за судбината на СЈО. Сигурен сум дека се пренесени и информациите за рекетирањето на компанија од фармацевтската индустрија или за амнестијата на Заев поради подмитување каде целата јавност го виде митото. Зборуваме за многу влијателни земји кои тешко дека донесуваат импулсивни и неоправдани одлуки.

Мицкоски додаде дека мали се шансите Макрон да го промени своето мислење по средбата со претседателот Пендаровски:

Мислам дека шансите се минимални, особено ако претседателот Макрон не добие цврсти аргументи, дека состојбата е променета и дека со давењето на датум за Македонија тоа ќе биде корисно и за Франција из а ЕУ. Кои гаранции може да ги даде Заев на Макрон? Ќе се заколне дека нема веќе да краде? Ќе се заколне дека нема веќе да врши притисок на судот и обвинителството? Се заколна дека нема човек кој на Македонија би и го сменил името, па го смени името. Заев нема образ, а Европа не верува на неговите солзи.

Целото интервју на Мицкоски за „Вечерњи лист“ можете да го прочитате ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.