И денеска, сега повторно гледаме една груба манипулација со јавноста, и тоа јавноста треба да го знае, а тоа е дека решението било дека нашиот источен сосед ќе си го чествува Гоце Делчев како нивен, а ние ќе си го чествуваме Гоце Делчев како наш, истакна тој во интервјуто.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 октомври, 2020 11:36

Мицкоски: За Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во денешното интервју за Радио Слободна Европа. лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски рече дека за Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање бидејќи тој е дел од нашиот национален идентитет и врз основа на тој лик ние сме создале држава.

-Заев е виновен по многу работи. Но во овој случај имаше јасно подадена рака од опозицијата и јас тоа го кажав на првата лидерска средба која зборуваме за предвремените парламентарни избори, тоа беше оваа прва средба кај Стево Пендаровски кога требаше да се одржат предвремените избори на 12 април. Средбата некаде беше после она фијаско на октомврискиот самит на Европскиот совет кога не добивме јасно порака за отпочнување преговори и која се уште ја немаме иако е најавувана од пред две години. Уште тогаш реков да дадеме одговор на меморандумот којшто беше производ на Парламентот на нашиот источен сосед. И да дадеме одговор со консензус на сите политички партии, на тој начин ние ќе ја отцртаме нашата заедничка државна позиција и тоа практично ќе биде позиција зад која ќе застанат сите сериозни политички партии коишто имаат свои пратеници во Парламентот. Тогаш од страна на Зоран Заев и Стево Пендаровски бев убедуван дека тој документ кој е изработен во бугарскиот Парламент е документ кој практично служел за локалните избори кај нашиот источен сосед. И денеска, сега повторно гледаме една груба манипулација со јавноста, и тоа јавноста треба да го знае, а тоа е дека решението било дека нашиот источен сосед ќе си го чествува Гоце Делчев како нивен, а ние ќе си го чествуваме Гоце Делчев како наш, истакна тој во интервјуто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.