Али Ахмети иако бил 5 пати во Собранието повторно сака да биде пратеник, кој доаѓа само за гласање на закони кои се важни за Албанците

Објавил: Македонка Димкин | 8 март, 2020 18:38

Мицкоски за Заев: Дволично е да се бори за премиер а во исто време да е и пратеник!

Фото/Текст извор: ©принтскрин гугл

Официјално по Заев и Шеќеринска ќе се најде како носител на една од листите на коалицијата предвоена од СДСМ на престојните избори.

Листите ќе бидат предводени од маж и жена почитувајќи се правото на родова еднаквост но места ќе има и за сите други коалициски партнери посочи Заев откако денеска и ЛДП официјализираа дека повторно ќе коалицираат со сцијал- демократите.

Сепак од Бихаќка не откриваат во која изборна единица Шеќеринска ќе ја предводи кандидатската листата .

За останатите имиња за кои се шпекулираше во јавноста меѓу кои и Мила Царовска , Оливер Спасовски, Венко Филипче не откриваат детали и велат утре на конгресот веќе се ќе биде познато .

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски пак денеска со порака до Заев дека е како што рече дволично да се бори и за премиерската фотеља а во исто време да не се откажува ниту од пратеничкиот мандат .

Шпицен кандидат

Во насока на досегашните изјави за шпицен кандидат но и по шпекулациите дека можеби и тој ќе се најде како носител на листа , по денешната изјава на Мицковски голема е веројатноста неговото име и воопшто да не се најде на кандидатските листи .

Во јавноста пак неофицијално веќе излегоа имињата на носителите на листите на ДУИ .

Али Ахмети ќе ја предводи 6 ката, Талат Џафери ќе ја предводи 5 тата изборна единица, Изет Меџити ќе биде носител во единицата, министерот за образование Арбр Адеми во двојка, а Беким Незири во 3 тата изборна единица .

Алијансата и Алтернатива се уште ги прават последните анализи, иако од таму веќе се поизвесно е дека Села изборите ќе ги трча во 6 ката против Ахмети, Касами, но и Тачи. Гаши пак најверојатно ќе биде во двојката.

Она што исто така е познато дека нзависни пратенички листи нема да има откако истече рокот и не беа собрани потребните потписи .

Партијата на пензионерите пак продолжува во коалиција со СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.