Според него, СДСМ скоро никогаш не победувале на избори, но кога ќе ја презеле власта, рече тој, прават национални предавства.

Објавил: Владо Марин | 12 јули, 2020 19:59

Мицкоски за Сител: Ако случајно дојде СДСМ на власт, тогаш ќе се случи федерализација, а втор чекор целосно уништување

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Генерално би издвоил три дела од програмата, ние нудиме 1000 решенија за 1000 проблеми, а јас би сакал и 10.000 да понудиме. Но ние како што јас тоа го зборувам на настаните на средбите со граѓани, ветуваме она кое што цениме дека ќе го испорачаме. Затоа што граѓаните се уморни од неисполнети ветувања и нереализирани очекувања, ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за дневникот на телевизија Сител.

СДСМ скоро никогаш не победувале на избори, но кога ќе ја презеле власта, рече тој, прават национални предавства!

Ако случајно дојде пак СДСМ на власт, тогаш на масата ќе биде Македонија, прво федерализација, а втор чекор целосно уништување. Да не биде ова само во главата на вмровците, така беше во 2016 тогаш не обвинуваа дека Тиранската платформа и промената на уставот била само во главата на Вмровците. Ама тоа се случи – порача Мицкоски.

Вистината понекогаш боли, но секогаш е подобро да се слушне вистината. Македонија е опљачкана понижена полна со криминал, корупција, истрошени политичари, таа е нашата реалност, за да се случи промена треба сите ние на 15 јули да излеземе масовно од рано наутро, излезете и заокружете број 14. На 16 почнуваме со работа, ќе биде тешко, но што во животот е лесно – рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести