Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ со честитски по повод чествувањето на Илинден

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 13:31

Мицкоски: “Илинден е крикот на поробениот Македонец а наша должнст е да ја зачуваме Македонија”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Илинден е крикот на поробениот Македонец – тоа е жедта за слобода и човечки правдини – природниот стремеж за своја држава на секој Македонец.

Ова го истакна претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски на чествувањето на денешниот празник во Ташмаруниште – Струшко.

“Илинден e вознесот на една столетна борба на обесправениот народ – каде саможртвата е нужност тогаш кога борбата е единствениот начин до целта. На самопрегорот кој го поднесоа тие гледаа како на поднослива саможртва – затоа што љубовта кон својата земја и татковина беше најголема жртва која можеа да ја поднесат. Претседателот на Крушевската Република Никола Карев пред насобраните Илинденци рекол “Ние револуционерите дигнавме пушка и на нашето црвено знаме напишавме “Смрт или Слобода” – за да си ги запазиме животот – верата и честа. Ние го кренавме тоа црвено знаме и назад нема затоа што пред нас ја имаме целта – нашата мила Македонија.” – истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ порача дека секогаш ќе биде дилемата дека сепак востанието не успеало – дека шансите за конечна победа во тој момент биле еднакви на нула – но востание се случило и тоа е факт кој ќе биде врежан во историските читанки и во сите Македонци.

“Сето ова го знаеле и Карев – и Питу – и Груев – и Узунов – и сите останати – но сепак борба имало – затоа што биле подготвени со својот живот да се борат за слободата – за ова парче земја во кое ние денес живееме – работиме и се образуваме. Затоа денес ние го славиме ова дело со срца полни со восхит за нивната саможртва – нескршлива волја и пркост пред бројниот непријател. Затоа што најлесно било да се предадат кога било најтешко и тогаш кога не се гледало никаков излез – но тој бунтовен дух на овие револуционерни титани бил многу поголем од било кој страв кој би ги натерал да се предадат и да го положат оружјето.

И тука свој удел има и токму Ташмаруништа чии што жители директно се вклучиле во востанието кое бил сенароден отпор на обесправените и чиј што исход завршил со крваво задушување на востанието – но сепак тогаш биле поставени темелите – а победите дошле веднаш потоа со вториот Илинден на оние кои ја продолжиле борбата. Оваа генерација на Македонци им должи се на овие луѓе кои со животи ја платија слободата и независноста. Слава им! Да им е вечна земја.” – рече Мицкоски.

Тој се осврна и на политичката ситуација во земјава:

“Гледаме како премиерот и естаблишментот околу него силно се удираат во гради дека биле за Европската Унија – а демек сите останати кои не ја споделуваме нивната капитулација – не сме биле за ЕУ. Да не знаевме со кого си имаме работа може и некој ќе им поверуваше а вака сето тоа удирање во гради за Европската Унија завршува во секундата кога ќе се подели некој тендер во здравството или државна помош на фирмата на вицепремиерот – па затоа за да се одбегне јавноста кругот ќе се прошири со фирми на нивните кумашини. Или кога вицепремиерката така поради добро расположение со државен хелихопер ќе одлета на ручек – додека во болниците имаме недостаток на инкубатори за новороденчиња и имаме недостаток од амбулантни возила и кога полицајци и војници пешки го обезбедува теренот – затоа што возила нема. ЕУ не почитува такви политичари.”

Рече Мицкоски и порача:

“И затоа колку и да се удираат во гради дека биле за “ДА” – толку повеќе луѓето во Македонија ќе им кажат големо “НЕ” – доста е!”

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Илинден

Претседателот Иванов на централната манифестација во Крушево со јасни пораки и за Илинден и за политичката криза која се создаде со Договот за промена на името

Иванов: “Судбината на Македонија е во рацете на самите Македонци!”

Не го прифаќам грчкиот договор кој е на штета на македонскиот национален...