Оставката е неминовна. Сите филмови од овој човек се јасни и веќе видени, и последниот оптимист дури и платен заљубеник во ликот и делото на Зоран Заев го губи оптимизмот зaшто со него само ќе губиме, вели Мицкоски!

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 ноември, 2020 14:54

Мицкоски: Имам информација дека викендов се распарчува Македонија во Софија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Не смееме да молчиме за асимилацијата пред нашите очи. Затоа да не дозволиме Заев да ја менува историјата, туку тој да стане историја. Така ќе ја спасиме и нашата историја и нашето достоинство и само така ќе успееме да обезбедиме иднина, рече Мицкоски од протестот во Скопје!

Големиот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ се одржа под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“!

Оставката е неминовна. Сите филмови од овој човек се јасни и веќе видени, и последниот оптимист дури и платен заљубеник во ликот и делото на Зоран Заев го губи оптимизмот зaшто со него само ќе губиме, вели Мицкоски!

Заев не прави разлика помеѓу заедничка и споделена историја и тоа упорно дозволува да се провлекува помеѓу двете држави. А тоа се две различни работи.

Ако имаме заедничка историја тогаш сме исти народ. А ние сме два сосема различни народи. Не смееме да молчиме за асимилацијата пред нашите очи. Затоа да не дозволиме Заев да ја менува историјата, туку тој да стане историја.

Така ќе ја спасиме и нашата историја и нашето достоинство и само така ќе успееме да обезбедиме иднина. Оставката е неминовна. Сите филмови од овој човек се јасни и веќе видени, и последниот оптимист дури и платен заљубеник во ликот и делото на Зоран Заев го губи оптимизмот зaшто со него само ќе губиме. Поразително е што нема една единствена реакција за навредите испратени на сметка на нашата Македонија од високи политичари со кои Заев се гушкаше во Софија.

Се прашувам колку ли само навреди треба да се истрпат од Каракачанов и Захариева, за да се сети Заев дека овој народ го плаќа и е должен да ги брани неговите интереси, достоинство и чест?

Запрашајте се дали има еден премиер на светот кој не би реагирал ако друга земја ја навреди неговата?

Е таков е овој наш премиер во заминување, порача Мицкоски!0

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести