Разговорите на Заев и Мицкоски засега се без резултат. Премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преговараат за законот за јавно обвинителство, за чие усвоување е непоходно да гласаат две-третини од пратениците.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 септември, 2019 1:02

Мицкоски и Заев се согласија само дека СЈО е мртва институција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По тричасовната лидерска средба, по која следуваше пауза лидерите на политичките партии СДСМ И ВМРО, се уште не успеаа да се договорат за законот за јавно обвинителство.

Разговорите Заев – Мицкоски кои траат веќе три часа засега се без резултат.

Разговорите на Заев и Мицкоски засега се без резултат. Премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преговараат за законот за јавно обвинителство, за чие усвоување е непоходно да гласаат две-третини од пратениците.

Како што објави ТВ Телма, засега нема напредок во преговорите и разликите меѓу двете страни остануваат силно изразени.

Телма објави дека до сега двете страни се согласиле дека СЈО е завршена работа и мртва институција.

Преговорите продолжуваат а по завршувањето се очекуваат изјави од Заев и Мицкоски.

Инаку претходно Курир објави дека власта прави сè за да ја спаси Вилма Рускоска со нов предлог за Законот за ЈО кој ќе ѝ гарантира на Рускоска дека ќе застане на чело на новото обвинителство кое би се формирало од постојното Обвинителство за органзиран криминал и корупција и СЈО.

Освен тоа, преговарачкиот тим на СДСМ инсистира да се спасат сите вработени во СЈО, не само обвинителите, кои би преминале директно во новото обвинителство. овој предлог за опозицијата е неприфатлив имајќи предвид дека станува збор за компромитирани кадри, вработувани по партиски клуч и по роднински и пријтелски врски со обвинители во СЈО и луѓе блиски до врвот на СДСМ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести