Благодарност до Република Словенија и премиерот Јанез Јанша што повторно излегува во пресрет и поддршка на нашата земја, вели Мицкоски!

Објавил: Владо Марин | 12 јуни, 2020 21:33

МИЦКОСКИ: Македонија во овие тешки времиња има пријатели и подадена рака!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера ствари телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и претседател на сестринската партија СДС г. Janez Janša со кого разговарал за актуелната здравствена и политичка состојба.

Мицкоски ја пренесол загриженоста за сериозноста на состојбата со корона заразата и со растечкиот тренд на новозаразени и починати што Република Македонија ја става на убедливо на првото место по број на заразени и починати по глава на жител во состојба кога таа бројка во регионот драстично опаѓа.

Во исто време ја истакнав и пожртвуваноста на лекарите и медицинскиот персонал кој е непосредно во првата линија на борба против короната и надчовечките напори кои тие ги даваат, наспроти сериозните недостатоци во креирањето на мерки и начинот на нивното спроведување, вели Мицкоски!

Разговаравме за словенечките искуства во справувањето со корона кризата, и фактот што Словенија беше првата европска држава која прогласи победа над вирусот. Токму затоа побарав од премиерот Јанша да испрати тим од доктори и експерти од Словенија кои ќе дојдат во Македонија и ќе помогнат во пренесување на своите искуства и знаења во надминување на корона кризата. Премиерот Јанша веднаш се согласи да испрати помош доколку за тоа постои волја кај македонските здравствени власти, тим на врвни доктори кои ќе ни помогнат во справување на состојбите.

Во таа насока остварив и разговор со министерот за здравство Венко Филипче кој го запознав со идејата и подготвеноста на премиерот Јанша да помогне. Тој ја прифати идејата и изрази уверување дека ќе обезбеди комуникација со словенечкото министерство за здравство за реализација на хуманата идеја.

Благодарност до Република Словенија и премиерот Јанез Јанша што повторно излегува во пресрет и поддршка на нашата земја, вели Мицкоски!

Ќе продолжам во рамките на моите сили и можности да се борбам за заштита на здравјето на нашите граѓани и справување на комплицираната здравствена состојба.

Апелирам до владата да ги искористи своите контакти и позиции и да доведе меѓународна помош која е добредојдена во овие моменти. Бројките се поразителни и укажуваат на тоа дека ни е потребна итна помош. Колку побрзо го признаеме тоа, толку повеќе ќе спасиме животи, тврди Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести