Протестот почна во 18.30 часот пред Министерството за правда, а продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи!

Објавил: Владо Марин | 15 септември, 2020 19:23

Мицкоски: Македонија освен мафија има народ кој си ја сака државата- овој народ го сака Делчев бидејќи е симболот на Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест се појави со црвена маичка со ликот на нашиот револуционер. На задната страна на маичката беше испишано „Македонија“ а на предната страна беше Гоце.

Опозициската ВМРО–ДПМНЕ попладнево организираше протестен марш за како што најавија, поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев. 

Протестот почна во 18.30 часот пред Министерството за правда, а продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи!

Гоце го има во химната Гоце Делчев е Македонија. Патритозмот не е демоде ниту антиевропската политика. Македонизмот не е ништо помалку важно од Европеизмот. Тука сме и за ЕУ денеска и за Гоце Делчев, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест.

Не смееме да дозволиме да станеме територија. СДСМ предводено од Заев не е за ЕУ тој е се спротивно од европската вредност. Таму нема обвинители кои се заедно со врхушката од власта. Тие ја поскапеа струјата и го осиромашуваат народот. Склопуваат договори со анти ЕУ бизнисмени од 200 милиони евра. Тие се против ЕУ за да можат да крадат и не одговараат.Тие се мафија.Нашата идинина е во ЕУ и таа ќе дојде но без овие луѓе на власт. Заев не е идината туку заканата за овој народ. Сакаат да го продаат Гоце за да си доделат уште некоја лиценца за производство на марихуана.
Македонија освен мафија има народ кој си ја сака државата.Овој народ го сака Делчев бидејќи е симболот на Македонија.Тој е нашата тврдина која нема да ја напуштиме.Делчев обединува а СДСМ разединува. Мафијата не е посилна од вистината. Или Македонија мафија. Ајде од оваа наша држава да направиме гордо и достоинствено место за живеење.Опаметте се Делчев е нашиот Мечкин Камен и нема да отстапиме, рече Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика