На прашањето дали би прифатил техничка влада со ДУИ во неа, Мицкоски одговори дека една од целите е да се исфрли ДУИ од власт!

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 ноември, 2021 15:53

Мицкоски му даде рок на Заев до понеделник да поднесе оставка до Собранието

Фото/Текст извор: ©магазин

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека има парламентарно мнозинство од 61 пратеник, пишува Алсат!

Новото мнозинство може да се очекува после понеделник, до го тој му даде рок на премиерот Зоран Заев да поднесе оставка до Собранието.

Мицкоски тврди дека има парламентарно мнозинство со кое ќе има политичка влада.

Доколку не се формира политичка влада, Мицкоски бара предвремени парламентарни избори.

На прашањето дали би прифатил техничка влада со ДУИ во неа, Мицкоски одговори дека една од целите е да се исфрли ДУИ од власт.

Во наредните денови ќе продолжат консултациите со партнерите потпишани на листата на новото парламентарно мнозинство. Мицкоски рече дека од понеделник очекува во мнозинството да се приклучат и други субјекти, но не сакаше да обелодени повеќе детали. Мицкоски уште во кампањата за локалните избори најави формирање на ново парламентарно мнозинство.

По оставката на Заев, Мицкоски на средба со претставници на партиите на Албанците во Собранието и партијата Левица собра потписи за ново мнозинство. Лидерот на Левица Димитар Апсиев денеска најави дека го поддржуваат мнозинството, но нема да станат дел од Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.