Во однос на Преспанскиот договор и како ќе постапи ВМРО-ДПМНЕ доколку дојде на власт, Мицкоски рече дека ставот на партијата за договорот останува ист.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 јули, 2019 20:14

Мицкоски: “На ВМРО-ДПМНЕ се прави политички прогон, терор и нарачани пресуди на функционери„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Алсат, додаде дека не е исклучена можност опозицијата да организира мирни протести, а денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека нивната партија е секогаш подготвена за предвремени парламентарни избори.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат рече дека треба да се седне, да се повикаат пратеничките групи и да се организираат предвремени парламентарни избори. Граѓаните нека одлучат дали овие политики на политичари ќе ја добијат поддршката или ќе дојде некоја нова генерација на политичари.

На прашање од новинарот дали се можни протести и порадикални мерки, Мицкоски, одговори дека секогаш организирање на мирни протести се опција за било која опозиција, без разлика дали во таа опозиција ќе биде само ВМРО-ДПМНЕ или и останатите опозициони партии.

Во однос на Преспанскиот договор и како ќе постапи ВМРО-ДПМНЕ доколку дојде на власт, Мицкоски рече дека ставот на партијата за договорот останува ист.

– Рековме дека ова е капитулантски договор и задира директно во посебноста на македонскиот народ, нација и во македонската држава. Потребно е да се спомене фактот дека за да се случи чекор назад, правно и легалистички за што се бори и залага ВМРО-ДПМНЕ, на нас ни се потребни 80 пратеници во Собранието и услов од Бадентер. Се што е надвор од тоа ќе биде обична лага, конструкција и обид за манипулација, изјави Мицкоски.

Исто така на прашање дали е можен договор за Законот за јавно обвинителство, тој изјави дека нема амбиент во државата за да функционира политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата.

– Во овие услови вакви, какви што се. Под политички прогон и терор, конструирани обвиненија, нарачани пресуди и прогонот што се прави врз ВМРО-ДПМНЕ, врз сегашни и поранешни функционери, едноставно нема амбиент. Не е само законот за ЈО на маса, сега на маса треба да се најде и темата кога предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...