Сменија, продадоа се што можеа да продадат, буквално се се проблематизираше, па до она денеска последното, историјата и јазикот. Да го сопреме губењето на Македонија. Го кажувам ова сега за да немаме дилеми во иднина. Сега е моментот да гласате за Македонија, потенцираше Мицкоски од Штип!

Објавил: Владо Марин | 13 јули, 2020 6:48

Мицкоски: На 15- ти јули е последната шанса за спас на Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Испраќам порака до вас кои сте разочарани од политичарите, од трулежот на системот, до вас кои не гледате излез и мислите дека сите се исти. Не се сите исти. Ние сме различни. Ова е последната шанса за спас на Македонија. Спас на државата која ја создавале нашите предци, а наша обврска е да ја зачуваме, порача од завршниот собир од Штип, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Сменија, продадоа се што можеа да продадат, буквално се се проблематизираше, па до она денеска последното, историјата и јазикот. Да го сопреме губењето на Македонија. Го кажувам ова сега за да немаме дилеми во иднина.

Ова не е само обична кампања, ова е битка за тоа каква земја сакаме да имаме. И јас во ова сум со целото мое срце, сто проценти во првата линија составена од народот кој бара промени, не затоа што имам некакви лични интереси од сето ова, туку затоа што јас, а и вие овде, и илјадници срца што чукаат за Македонија – друга татковина немаме!

Сега е моментот да гласате за Македонија, потенцираше Мицкоски од Штип!

На 15 јули да излеземе сите масовно, да го заокружиме бројот 14, да заокружиме за обновата на Македонија која следува, да заокружиме за онаа Македонија каква што сакаме да биде, а не каква овиe што ја направија.

Знам дека многумина од вас можеби изминативе три години беа предмет на пристисоци, закани и уцени. Но, истовремено знам, свесен сум дека сте одлучни убедливо да ги победиме заедно и да си ја донесеме Македонија онаму каде што и е местото, кај народот, изјави Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...