петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



Во СДСМ знаат дека на следните избори ќе изгубат и затоа спас бараат во коалиционите партнери ДУИ и Али Ахмети, кажа Мицкоски. Тој оценува дека наместо одговорност за криминал, корупција и континуираното иселување на младите, СДСМ дава поддршка на националистички теми на ДУИ како проверена карта за гласачите пред секој изборен циклус.

Објавил: admin@magazin | 20 ноември, 2022 18:46

Мицкоски: Нема промена на Уставот, формирање техничка влада и да се одржат предвремени избори

Фото/Текст извор: ©камал 5/магазин.мк

Нема хотел-пратеници како за Преспанскиот договор, затоа да не се губи време и најдоцна до пролет да се оди на предвремени избори, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во обраќањето на годишната конференција на партискиот подмладок.

Што побрзо да се формира техничка Влада и најдоцна до пролет да се одржат предвремени парламентарни избори- побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на годишната конференција на Унијата на млади сили на партијата. Повтори дека неговите сопартијци во Собрание нема да гласаат за уставните измени за внесување на Бугарите, а упати и критики до премиерот Ковачевски дека експресно и без забелешки потпишувал се што официјална Софија побарала од него. Мицкоски уверува дека неговиот став за историските прашања е јасен, и обвини дека се води лажна кампања против него за наводна поддршка за бугарските клубови во земјава.

Еве стојам овде пред вас и уште еднашка ќе ви кажам – нема хотел пратеници како што тоа го кажа пред некој ден Пендаровски, кои што биле убедувани во еден хотел недалеку од овдека. Сега имаме пратеници кои што цврсто стојат на својот став, и тие нема да дозволат промена на Уставот на Македонија.

Бугарите си имаат ас во нашата политика, неговото име и презиме се Димитар Ковачевски, кој лажно ме обвинува дека стојам зад клубовите кои се отворија и се дозволија под негова власт и во негово време. – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во СДСМ знаат дека на следните избори ќе изгубат и затоа спас бараат во коалиционите партнери ДУИ и Али Ахмети, кажа Мицкоски. Тој оценува дека наместо одговорност за криминал, корупција и континуираното иселување на младите, СДСМ дава поддршка на националистички теми на ДУИ како проверена карта за гласачите пред секој изборен циклус.

Таква е СДСМ денеска. Од партија која што на почетоците можеби имаше некаква државотворност, денеска е измеќар на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција. А кога сме кај Демократската унија за интеграција, зошто кога зборува Али Ахмети за заедништво помеѓу Албанците и реализирање на националниот интерес на Албанците тој е патриот, а зошто јас кога зборувам за македонскиот национален интерес, тогаш сум прогласен за националист. Што е разликата помеѓу едното и другото? – изјави Мицкоски.

Освен политичките пораки до власта, на конференцијата под слоганот “Енергија, надеж, иднина” Мицкоски побара поддршка од младите во партијата. Им порача да не климаат со глава на соговорниците, туку да покажат пркос и да се вклучат во политичката битка со аргументи и идеи за подобра држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.