Поранешниот амбасадор во Љубљана репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда на улицата „Тодор Александров“ во Скопје. Случајот го пријавил неговиот сосед А.Д. откако по кратка вербална расправија, во ходникот на зградата Димитровски извадил автоматска пушка и ја репетирал кон него.

Објавил: Весна Петровска | 16 декември, 2019 6:55

Мицкоски не простува дивијантно однесување – лидерот на ВМРО бара итно разрешување на Томислав Димитровски кој впери пушка кон соседот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Христијан Мицкоски започна со разрешување во неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, тој реши од неговиот кабинет да го тргне Томислав Димитровски на следната седница на Извршниот комитет, поради инцидентот кој се случил неделва, кога ексамбасадорот репетирал пушка кон неговиот сосед.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на следната седница ќе предложи разрешување на екс амбасадорот Томислав Димитровски поради инцидентот кој се случи неделава.

„Томислав е дел од кабинетот, од луѓето во мојот кабинет и одговорен е за релации со земјите од Балканот. Слушнав за настанот, разговарав и со него и она кое што можам да го кажам е дека на следната седница на Извршниот Комитет ќе предложам негово разрешување, бидејќи таков тип на однесување, веќе во неколку наврати кажав, е недозволено по било која цена“, рече Мицкоски.

Поранешниот амбасадор во Љубљана репетирал пушка и ја вперил кон сосед, за време на расправија во зграда на улицата „Тодор Александров“ во Скопје. Случајот го пријавил неговиот сосед А.Д. откако по кратка вербална расправија, во ходникот на зградата Димитровски извадил автоматска пушка и ја репетирал кон него.

„Полициски службеници веднаш по добивање на пријавата излегле на местото на настанот. Во домот на Т.Д. се пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција, кои се одземени. Т.Д. е повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР за овој случај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести