Како што кажа тој, ВМРО-ДПМНЕ би седнала на маса со останатите партиски лидери само ако иницијатива за таква средба дојде од Владата.

Објавил: Перо Милчин | 14 декември, 2020 15:00

Мицкоски: Не ја гледам улогата на Пендаровски во една таква лидерска средба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за лидерската средба која на денешната прес конференција по повод 100 дена Влада ја најави премиерот Зоран Заев, вели дека не би учествувал во формат каде учесник би бил претседателот на земјава, Стево Пендаровски, поради како што вели, немањето улога во ваквата средба.

Како што кажа тој, ВМРО-ДПМНЕ би седнала на маса со останатите партиски лидери само ако иницијатива за таква средба дојде од Владата.

Не ја гледам улогата на Пендаровски во оваа лидерска средба, Пендаровски не е лидер на политичка партија.

Во еден такот формат, којшто би бил организиран од него нема да учествувам бидејќи не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во една таква лидерска средба. Доколку дојде иницијатива од страна на Владата – да, ќе ја прифатам и ќе учествувам“, рече Мицкоски!

Ако не се обединиме сите со силна општествена поддршка против оваа власт Заев ќе владее уште 4 години а Македонија ќе продолжи да тоне, изјави Мицкоски.

Нема ниту еден проект за 4 години од оваа влада, порача лидерот на опозицијата кој најави дека нема да оди на лидерска средба ако ја организира претседателот Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.