Ова е денот за кој се обврзав пред моите соработници, пред партијата кон која три години тие истите водат прогон. Пред народот кон кој сакаат да го избришат.

Објавил: Мате Парлоф | 16 февруари, 2020 19:29

МИЦКОСКИ: Ова се три години на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево на прес-конференција изјави дека денес има две вести важни за Македонија. Првата е лоша, но и очекувана, власта како почна-така завршува. Со газење на процедурите, силување на законите, непочитување на Уставот. 

Мицкоски рече дека ова што денеска се случи е сè, само не правда. Сето ова е спротивно на процедурите, на Деловникот на работа на Парламентот, има основано сомневање за контрадикторности со Уставот.

Донесен е закон, кој што не е донесен и закон којшто не треба да влезе во правниот систем во државата, додавајќи дека по 12 април ќе следи одговорност за сето она што се случувало во изминатиот период, изјави на прес конференцијата за новинарите лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ова е денот за кој се обврзав пред моите соработници, пред партијата кон која три години тие истите водат прогон. Пред народот кон кој сакаат да го избришат. Пред граѓаните кон кои удираа и ги осиромашуваа овие три години, дека оваа власт мора да падне, Заев и неговата анти народна и анти македонска влада да си замине и никогаш повеќе да не се повтори.

Денес дојде овој ден. Е за ова се боревме, и дотука дојдовме низ жестоки 25 месеци мое раководење со ВМРО-ДПМНЕ, со многу удари, паѓања кои преминаа во победи, неверувања кои се претворија во верба за победа.

И ќе бидам отворен и искрен како и секогаш, имаше моменти кога ми велеа да се водам според емоцијата, тогаш јас се водев според разумот, и се што правев досега правевме за да дојде овој ден, тоа беше мојата стратегија. Да дојдеме до избори, да дојдеме до шансата народот да одлучува на избори на кој нашата победа е извесна. Да биде исправена една историска грешка, денот кога во собранието на Македонија беше избран Зоран Заев.“

Го повика претседателот Стево Пендаровски да не ги потпишува законите поради правни недоследности бидејќи во спротивно, како што рече, ќе биде соучесник.

„Ова се три години на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет. На пазарење со најсветото, со историјата и одземање на иднината, трговци! Ова се три години на неправда, брутален криминал и врзани очи на министрите и владата. Очите им се врзани пред сето ова затоа што тие се првите кои прават криминал.

Не може државава да е прогласена за нај криминална во Европа, а ниту еден од власта да не одговара. Ова е време на Рекет, милионски провизии, бизнисмени кои сведочат за рекет, притисоци, кеш за обвинители, корумпирано и распаднато здравство, време кога летаат Луј Витон ташните. Ова е време кога Заев се ослободува од поткуп, гледаме како премиер се фали дека спонзорирал и знаел за рекет машинеријата на Јовановски, кога осудени криминалци се пуштаат на слобода. Кој одговараше овие три години додека Заев е премиер? Криминалците направија сојуз со власта, слугите на Заев си ги заштитија бизнисите преку тоа партнерство. Ова е време кога на површина излегуваат сите лаги на кои Заев правеше кариера.

Ова е време кога го пуштија Игор Спасов. Нема правда ниту мир. Додека на родителите на децата од монструм Заев им ветуваше вистина, ги пушташе нивните убијци на слобода, рече Мицкоски.

Обновата доаѓа вели Мицкоски, обновата која ќе решава проблеми. Одиме кон извесна, голема, неопходна и заедничка победа.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сакам да се обратам до чесниот и напатен народ, до граѓаните чии срца се стегнати поради неправдите, сиромаштијата, проблемите, доаѓаат подобри времиња. Доаѓаат времиња кога ќе има повеќе за секого, ќе има стабилност и сигурно чекорење кон нашите стратешки цели. Повеќе за земјоделците, повеќе за работниците, повеќе за стопанството, повеќе за просветните и здравствените работници, повеќе за пензионерите. Повеќе за секого. Обнова базирана на чесност, принципи и правда. Обновата денес е неопходност, зошто руинирана ни е државата, зошто мора да завладеат вредностите. Обнова која ќе донесе силна економија и силна држава, победи во секое поле. Исправена кичма, чист образ и среќни лица.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...