Мицкоски пред присутните посочи дека власта соочена со пораз веќе започна со заканите, уцени и притисоците.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 април, 2019 22:36

Мицкоски од Битола: Власта соочена со пораз започна со заканите, уцени и притисоците!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на Битола, при што се сретна со голем број на граѓани.

Мицкоски пред присутните посочи дека власта соочена со пораз веќе започна со заканите, уцени и притисоците, и затоа побара од битолчани да не попуштаат, затоа што деспотот е на колена и месеци се во прашање кога практично ќе им дојде крајот.

-А ние си рековме овде во Битола, бидејќи јас не слушнав да се извини за сите оние злодела кои што СДСМ ги има нанесено овде во Битола, затоа пак веднаш после победата на претседателските избори и после победата на предвремените парламентарни избори, од прв до последен, за сиот криминал за сите злодела, за сето она понижување и омаловажување, ќе одговараат од прв до последен, јас тоа ви го ветувам, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека власта ги направила луѓето незадоволни и апатични за да бидат незаинтересирани, индиферентни кон болната реалност за да им помине се полесно, но одговорот на таа разочараност е масовноста во вториот круг од изборите и казната која ќе ја испорача народот.

 

-Битола е победничка, Битола се крева против неправдите. Битола бара промени. Тука нашиот противник е казнет жестоко во првиот круг од изборите, а казнет е поради лошиот живот, сиромаштијата, матните бизниси на власта, непотизмот на градоначалничката и локалните функционери кои се ставаат над народот. Почитички измамници кои ја киднапираат власта, нагласи Мицкоски.

 

На крајот тој потенцираше дека власта ја разочара Битола, но 5ти мај е денот кога битолчани ќе ја разочараат власта и уште еднаш побара од присутните поголема масовност за да се избориме заедно за подобар живот, за посилен стандард, за нова надеж, за решенија на проблемите, и за правда и слобода за Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести