15 јули е денот кога ги повикувам граѓаните масовно да излезат на избори и да ја поддржат победничката коалиција „За обнова на Македонија“.

Објавил: Владо Марин | 28 јуни, 2020 15:58

МИЦКОСКИ ОД БИТОЛА: Доаѓа обнова во која ќе има правда и повеќе пари за народот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска сме овде во Битола, разговаравме и разменивме мислења во врска со актуелната состојба во Битола и Битолско. Битолчани посведочија за сите оние порази и неправди коишто се присутни во целата држава, за сите неисполнети ветувања и очекувања, изјави од Битола, лидерот на ВМРО-ДМПНЕ, Христијан Мицкоски!

15 јули е денот кога ги повикувам граѓаните масовно да излезат на избори и да ја поддржат победничката коалиција „За обнова на Македонија“, изјави Мицкоски!

Во Битола се видов со штедачите од пропаднатата штедилница ТАТ. Тажна судбина на многумина кои загубија се во животот. Во тоа време Радмила Шекеринска беше функционер во СДСМ, а Зоран Заев на почетокот на својата политичка кариера.

15 јули е денот кога ги повикувам граѓаните масовно да излезат на избори и да ја поддржат победничката коалиција „За обнова на Македонија“, изјави Мицкоски!

Денес истите ликови се актуелни во политиката. Тогашниот октопод го надоградија со рекетарски Октопод. Затоа, сето ова може да се прекрати, а одговорот е 15 јули.

Не ветувам работи за кои не сум стопроцентно сигурен дека ќе ги остварам, но тоа што го ветувам, а го има во програмата Проект „Обнова“ бидете сигурни дека ќе го реализираме.

Никогаш повеќе криминал, корупција и држава на колена. Доаѓа обнова во која ќе има правда и повеќе пари за народот, потенцираше Мицкоски од Битола!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...