Во врска со новонастанатата ситуација во партијата што ја води, рече дека минатиот петок бил „црн петок“, а пратениците кои гласале спротивно на партискиот став, како што рече, ја предале партијата и државата и се воделе од личен интерес.

Објавил: Македонка Димкин | 23 октомври, 2018 21:53

Мицкоски: Осумте пратеници му го продолжија мандатот на Зоран Заев!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Претседателот на најголемата политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски од  партиска свеченост по повод одбележувањето 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, побара правдата да не биде селективна туку да има слобода за сите и да се донесе закон за амнестија за учесниците во настаните од 27 април во Собранието.

Мицкоски е голем верник и Христијанин , тој често својата енергија и ментален мир го наоѓа токму таму во манастирите.

Во врска со новонастанатата ситуација каде што осум пратеници од ВМРО се одметнаа и гласаат за промена на Уставот, Мицкоски рече дека минатиот петок бил „црн петок“, а пратениците кои гласале спротивно на партискиот став, како што рече, ја предале партијата и државата и се воделе само  од личен интерес.

 

– Во целиот овој период се држев до две елементарни работи – до вистината и до народот. И колку и да се шират дезинформации, и колку некои да ме прават одпелепн од реалноста, вистината е дека имаше притисоци врз пратеници и тие беа од власта. И дел од пратениците влегоа со лични аранжмани со власта, надевајќи се на својата слобода, но разочарувајќи го народот. Дел од нив тоа и лично го признаа – рече Мицкоски во 40-минутното обраќање пред членови и симпатизери на партијата.

Уште повеќе е тажен , од таканаречените барања на осумте пратеници кои беа изнесени како алиби  зошто ги поддржаа уставните измени. Според него, тие не се раководени од лични убедувања, туку исклучиво и само од нивниот личен интерес, рече, тој и ВМРО-ДПМНЕ не може никако  да дозволи тоа и во иднина да се случува.

-Немојте да ја замајувате јавноста со некакви комисии и форуми, кои наводно треба да донесат правда за дополнително да се заташка работата. Власта сака низ тој процес да донесе некаква неселективна правда, која во основа е неправда. Затоа е потребна слобода и правда за сите. Ајде донесете закон за амнестија кој го предлагаме за сите учесници од 27 април за да има и неселективна правда и слобода за сите, истакна Мицкоски на свеченоста во Македонскиот народен театар на која не присуствуваше неговиот претходник, Никола Груевски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека дел од пратениците кои гласале за уставните измени потклекнале, бидејќи барајќи ја личната слобода, го разочарале народот. Тој им се обрати на членовите кои во петокот ја изневерија партијата и гласаа за менување на Уставот, велејќи дека пеколно го заболело тоа што своите сопартијци ги видел со свиткана кичма.

„Не заболе пеколно кога ве видовме со свиткана кичма, не подвиткана како на Заев оти тој нема кичма, туку свиткана. Не издржавте иако знаевте дека со удбашки стил СЈО монтира случаи за вас, иако знаевте дека обвинетите од 27 април се апсолутно невини. Ме изневеривте, ја изневеривте ВМРО -ДПМНЕ и ја изневеривте татковината“, рече лидерот Мицкоски

Во целиот овој период се држев до две работи – до вистината и до народот. И колку и да се шират дезинформации, и колку некои да ме прават одделен од реалноста, вистината е дека имаше притисоци врз пратеници и тие беа од власта рече Мицкоски во 40-минутното обраќање пред членови и симпатизери на партијата.

Цитат на настанот„Во целиот овој период се држев до две работи – до вистината и до народот. И колку и да се шират дезинформации, и колку некои да ме прават одделен од реалноста, вистината е дека имаше притисоци врз пратеници и тие беа од власта. И дел од пратениците влегоа со лични аранжмани со власта, надевајќи се на својата слобода, но разочарувајќи го народот. Дел од нив тоа и лично го признаа, рече Мицкоски во 40-минутното обраќање пред членови и симпатизери на партијата.„

Мицкоски рече уште дека поддршката за пристапување кон промена на Уставот на република Македонија од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ му овозможила на премиерот Зоран Заев да си ја продолжи политичката кариера. Требало само малку, како што рече, за да се одржат нови избори и ВМРО-ДПМНЕ да победи. 

Никој нема да ви го скрши духот, никој не може да ви го одземе она што природно ви припаѓа. ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка опција која има и сила и знаење и мотивација, човечки потенцијал да им стави крај на неправдите и на неуспехот на нашата татковина.

ВМРО-ДПМНЕ произлегува од народот, припаѓа на народот, а запаметете народот на крај секогаш победува.

Нема време за очајување, Македонија мора напред, со принципи, мудрост и храброст. А, ВМРО-ДПМНЕ од секој предизвик ќе излезе посилна, поцврста и поуспешна.

И затоа Македонијо, напред! Македонијо, напред!

Да сте ми живи и здрави! Да е жива и здрава Македонија! Да е живо и здраво ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“!l

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.