Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО ДПМНЕ го објавила конкурсот за избор на кандидат за претседател.

Објавил: admin@magazin | 7 јануари, 2019 15:20

Мицкоски : “Очекувам убедлива победа на претседателските избори”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски очекува победа на партијата на претстојните претседателски избори.

Христијан Мицкоски изјави дека партијата го објавила конкурсот за избор на кандидат за претседател.

-Јас лично очекувам една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори, рече Мицкоски, во изјава за новинарите пред Соборниот храм во Скопје каде присуствуваше на божиќната литургија.
-ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која транспарентно се обраќа кон граѓаните и кон сите оние заинтересирани кандидати кои сакаат да аплицираат на конкурсот, а се разбира ги исполнуваат условите кои што се со закон пропишани. Конкурсот трае до 31 јануари и тогаш јавноста ќе знае кои се имињата кои се пријавиле на тој конкурс. Од пријавените кандидати на конвенцијата ВМРО-ДПМНЕ ќе избере оној кој ќе понуди најдобра програма, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека имаат редовна комуникација со претседателите на политичките партии од албанските етнички заедници и дека иако тие средби не се официјална, се одвиваат на различни нивоа, вклучувајќи и на претседателско ниво.

Тој исто така изјави дека претседател во РМ, се станува кога мнозинството граѓани во РМ ќе ја дадат довербата, на оној кандидат кој ќе освои најголем број од гласовите на сите етнички заедници во Македонија кои што ќе излезат да гласаат и тој ќе биде и претседател на РМ.

-Останувам на принципот дека во ова држава граѓаните треба да ги делиме на оние кои се лојални и не се лојани, а не според етнички принцип и етнички клуч. Тоа беше грешка во минатото, се злоупотребуваа етничките заедници. Тоа не треба да биде пракса во иднина. Во РМ треба да победи претседателски кандидат кој што ќе го освои мнозинството гласови на граѓаните на РМ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изразувајќи уште еднаш убеденост во победата на следните претседателски избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика