Стево Пендаровски е дел од матрицата која ја пустшеше Македонија смета лидерот на опозицијата

Објавил: Узунов Бобан | 2 март, 2019 14:01

Мицкоски: Пендаровски е лик на заевизмот

Фото/Текст извор: ©магазин

Ја видовте реалната слика денеска на пазарот овде, полупразни тезги, полупразен пазар, бидејќи сега нема купувачи, луѓето се жалат, пазарџиите се жалат разочарани од односот на оваа криминална непотистичка и насилничка влада предводена од деспотот Заев, изјави денеска Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за време на неговата посета на Градскиот пазар во Охрид. 

„Прометот им е паднат. Практично сето она коешто ние изминативе речиси две години откако владата на СДСМ и Заев е на власт, ние апелираме не само што не дојде живот, туку навистина пекол донесоа. Реалноста можете и вие да ја видите денеска на пазарот овдека во Охрид. 

Матрицата на заевизмот во јавноста прва ја пласираше професорката Силјановска на коннвенцијата во Струга. Според неа заевизмот значи кажувам , заборавам негирам. Во тој стил и Стево Пендарвоски на интервју посочи дека прашањето на името мора да се решава, на референдум и ако не е успешен тогаш нема договор за во 2018 година да го смени својот став и да заборави што кажал.

Има една траорна атмосфера, нема купувачи пазарџиите се жалат, сите оние законски решенија што изминатиот период владата ги донесе се на штета на пазарџиите. Наместо да понуди решенија за нивните проблеми, они понудија одлагање на законското решение. Со нашите посети на пазарите во Република Македонија ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе донесеме законски решенија кои ќе бидат во корист на пазарџиите“, рече Мицкоски.

Тој за вчерашниот избор на СДСМ за кандидатот Стево Пендаровски за наредните претседателски избори рече дека во Македонија мора да се порази заевизмот, кажувам, заборавам, негирам.

„Сѐ додека постои заевизмот во Република Македонија оваа држава не може да оди напред, односно ќе се движи во погрешна насока. Јас сум убеден во граѓаните на Република Македонија, тоа се храбри, честити луѓе коишто на 21 април ќе му го зададат првиот посериозен удар на заевизмот во Република Македонија, а потоа веќе на следните предвремени парламентарни избори и конечниот удар ќе му биде зададен на заевизмот.

Пендаровски претставува лик на заевизмот, не очекувавме нешто поразлично да се случи, тоа е таа традиционална матрица која ја пустошеше Република Македонија изминативе 27-28 години“, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести