Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Алсат рече дека доколку продлабочувањето на енергетска криза удри врз џебот на граѓаните, тие ќе организираат протести.

-Нормално дека ќе протестираме, зошто да не протестираме? Ако цениме дека се вообразени и дека сакаат да им помогнат на граѓаните. Нормално ќе го повикаме народот на протести. Стандардот на граѓаните е пред и над се и тој е уставно загарантиран, рече Мицкоски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 декември, 2021 6:04

Мицкоски: Повеќе комуникација имам со Георгиевски отколку со Груевски

Фото/Текст извор: ©магазин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување на телевизија Алсат рече дека доколку продлабочувањето на енергетска криза удри врз џебот на граѓаните, тие ќе организираат протести.

-Нормално дека ќе протестираме, зошто да не протестираме?

Ако цениме дека се вообразени и дека сакаат да им помогнат на граѓаните. Нормално ќе го повикаме народот на протести. Стандардот на граѓаните е пред и над се и тој е уставно загарантиран, рече Мицкоски.

Христијан Мицкоски рече дека не е точно дека има комуникација со Никола Груевски и дека повеќе комуникација има со Георгиевски.

Не, немам комуникација со Груевски. Да бидам искрен, повеќе комуникација имам со првиот претседател Љупчо Георгиевски. Зошто се чудам, зошто критичарите него не го спомнуваат. Црната кампања е полна со невистини, лаги, невистини, рече Мицкоски.

Што се однесува до внатрепартиските избори во ВМРО-ДПМНЕ, вели дека внатрешната демократија во ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била доведена во прашање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика