Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно.

Објавил: Владо Марин | 13 септември, 2020 17:45

МИЦКОСКИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Протест на ВМРО-ДПМНЕ во вторник, во 18:30 часот од Министерството за правда, мостот “Гоце Делчев”, до МНР

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во вторник, во 18:30 часот од Министерството за правда, мостот “Гоце Делчев”, до МНР, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите. Европската Унија, од која секој ден сме се подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови, вели Мицкоски!

Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно.

Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот. Власта да има во предвид колку е важен супстратот за кој разговараат.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во вторник, во 18:30 часот од Министерството за правда, мостот “Гоце Делчев”, до МНР.

Ова е протест на народот, целта е ЗА ЕУ, ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗА ДЕЛЧЕВ.

Гоце е црвената линија за нашето достоинство.
Се гледаме, поренцираше Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.