Мицкоски ја потврди поднесената интерпелација за гласање недоверба за шефот на дипломатијата на нацијата со "комплекс" Никола Димитров во законодавниот дом

Објавил: Мартин Попоски | 18 декември, 2018 14:17

Мицкоски: Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека во македонското Собрание е поднесена интерпелација за гласање на недоверба за министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Од партијата потврдија дека причина за ваквиот потег е затоа што шефот на македонската дипломатија „ги навредил Македонците нарекувајќи ги нација со комплекс“ кога Димитров од собраниската говорница објаснуваше дека уставните измени не треба да се доживуваат со доза на страв кај јавноста.

Никола Димитров со Заев донесоа капитулантски договор!Понижување и разградување на Македонските национални и државни интереси!

Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс! Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното.

Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи.

За да престане срамот, за да македонскиот углед не продолжи да се урива.

Во собраниската дебата за време на интерпелацијата ќе се збори за фактите кои ќе го разобличат неговото делување.

Затоа оставка поради црнилата кои и ги донесе на Македонија! – напиша Мицкоски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.