Претпоставувам дека продолжува Зоран Заев да ги отплаќа долговите практично на она што него го опозиционираше таму каде што е веќе еве трета година по ред во Република Македонија, додаде Мицкоски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јуни, 2019 20:54

Христијан Мицкоски: „Пописот без консултации е политичка трговија како на зелен пазар„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во вечерашното гостување во емисијата Топ тема, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека не е можно да се носат закони во кои нема да учествува опозицијата, алудирајќи дека законот за попис воопшто не наликува на она што реално треба да се биде туку претставува една политичка трговија преку која Заев ќе мора да си ги исплати долговите.

Најпрво да биде јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не е против пописот и ВМРО-ДПМНЕ не е проти вистинска реална статистичка операција која практично ќе ја детерминира како ќе се развива Република Македонија во следните отприлика 10тина години, рече  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашната емисија Топ тема, на Телма.

Ова што сега на брз трака се става во рамките на собранието без учество на опозицијата, без учество на главната политичка партија на политичката сцена во Република Македонија што се покажа и на последните претседателски избори навистина е спротивно на сето она што денеска го слушаме како стихозбирка од неколку строфи од страна ан владините јуришници, без разлика дали станува збор на ДУИ и СДСМ, Европа или европски вредности.

Ова ни најмалку не наликува на тоа, туку напротив ова наликува на повторно на една политичка трговија, налик на оние трговии на зелените пазари што се среќаваат во Република Македонија и претпоставувам дека продолжува Зоран Заев да ги отплаќа долговите практично на она што него го опозиционираше таму каде што е веќе еве трета година по ред во Република Македонија, додаде Мицкоски.

Во однос на најавите за можни промени на изборниот законик, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски негираше дека промените на изборниот законик кои власта ги доставила до ВМРО-ДПМНЕ, имало детали за промени на бројот на изборни единици, туку се однесувале единствено на статусот на државната изборна комисија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...