Овој автомобилски гигант вработува 91.231 човек во светски рамки.

Објавил: admin@magazin | 23 ноември, 2019 10:07

МИЦКОСКИ ПО СТАПКИТЕ НА ЗАЕВ: Преговара со АУДИ-дали ќе му успее тоа што на ЗАЕВ не му успеа со ФОЛКСВАГЕН?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ако Бранко Црвенковски и владата на СДСМ успеаа да го избркаат автомобилискиот гигант „Ауди“ од Македонија, кои при крајот на минатиот век планираа да инвестираат во фабрика во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ повторно прави обиди луксузната марка да ја донесе во нашата земја, вели Мицкоски од Германија.

Денешниот престој во Лајпциг на Конгресот на Германската демократска унија, покрај политичките состаноци, ќе имаме и состаноци со Извршните директори и претставници на најголемите германски производители на автомобили, но и други производители од машинската и електро индустријата. – изјави Мицкоски од Германија.

На тие состаноци, наша цел е на опозиција која што си ја сака државата, како опозиција која што покажува пример како треба да се работи за државата во опозиција, но истовремено и да ги понудиме нашите капацитети човечки и професионални, но и економски – додава Мицкоски. 

После 12 април 2020 година да покажеме што е тоа што Македонија може да им го понуди на овие производители, да ги повикаме и да ги поканиме да дојдат во нашата држава и да отворат производни погони. Да не дозволиме одлив на мозоци да останат обучените луѓе, учените луѓе кои што денеска масовно ја напуштаат нашата држава.

На овој начин покажуваме еден поинаков пристап дека државата се сака без разлика дали сте во опозиција или сте во владата. Но, она што денеска како опозиција го претставуваме ќе биде гарант за нив кога после 12 април 2020 година ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада во Република Македонија.

Менаџментот на „Фолксваген“ ги дисквалификуваше Србија и Македонија, за инвестиција од околу 2 милијарди евра. Во конкуренција за инвестицијата на германскиот гигант беа Србија, Турција, Бугарија, Романија и Македонија.

“Фолксваген” ги именуваше Турција и Бугарија како двајца финалисти за локацијата на новата фабрика за автомобили.

На почетокот на годината, VW објави дека ќе произведува електрични возила во своите погони во Германија и ќе размисли за менување на производството на одредени модели со конвенционални мотори во фабрика која ќе биде основана некаде во Источна Европа.

Ауди е германски производител на автомобили, со седиште во градот Инголштат.

Почетоците на „Ауди“ датираат од 1899 година, кога германскиот инженер Аугуст Хорх, основал ортачка автомобилска фирма, а десетина години подоцна основал потполно сопствена фирма, нарекувајќи ја според латинскиот превод на неговото презиме – „Audi“. Во 1932 година, неговата фирма се споила со три други автомобилски фирми: „DKW“, „Horch“ и „Wanderer“, формирајќи ја заедничката фирма со името „Auto Union AG“. Современата ера на „Ауди“ започнала во 1960-тите, кога со спојувањето на „Auto Union AG“ и „NSU“ била формирана новата фирма со сегашното име „Ауди“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Подвиг

Сашо Мијалков ќе ја промовира својата нова партија во која влегуваат Мите Лимунада Јанчев, Ивца Коневски, Нино Смрт Тодоров, Билјана Бришковска, Никола Поповски, Иво Котевски, 8-те мината предавници.

САШО МИЈАЛКОВ ЌЕ ПРОМОВИРА СВОЈА НОВА ПАРТИЈА: Влегуваат Јанчев, Иво Котевски, Поповски и многу други!

Како што пишува порталот дудинка.орг на Миленко Неделковски на повидок е нова партија...

Град Скопје и во претстојниот период ќе продолжи со зголемување на опремата и механизацијата за почист град. Сите носиме одговорност за чиста животна средина!

ШИЛЕГОВ: „Набавени 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри и 950 корпи за џебен отпад„

Нови контејнери добива и Карпош. Како локална самоуправа одвоивме 2 милиони денари,...

Во моментов е меѓу петте студенти од Македонија кои ја имаат привилегијата да студираат на еден од најдобрите светски универзитети, Оксфорд!

Македонецот Стефан Петревски, најдобар студент на Универзитетот во Оксфорд

Стефан Петревски е дваесетгодишно момче со позитивен дух и насмевка и соништа кои...