Мицкоски прашува и, за каков реципроцитет се зборува во протоколот кога Генчовска вели дека не го признава македонскиот јазик, а нашата страна го признава бугарскиот? Или се бара вметнување на Бугарите во македонскиот Устав, а не се признава македонското малцинство во Бугарија?

Објавил: Мате Парлоф | 18 јули, 2022 16:16

Мицкоски: Протоколот е дипломатски нокаут и капитулација

Фото/Текст извор: ©telma

„Дипломатски нокаут и капитулација“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, го коментира вчера потпишаниот протокол помеѓу Османи и Генчовска, за кој вели дека, не ја отвора вратата за преговори, туку напротив.

Мицкоски прашува и, за каков реципроцитет се зборува во протоколот кога Генчовска вели дека не го признава македонскиот јазик, а нашата страна го признава бугарскиот? Или се бара вметнување на Бугарите во македонскиот Устав, а не се признава македонското малцинство во Бугарија?

На прашањето, зошто не почнат веднаш со собирање потписи за референдумот што го најави, туку ќе чекаат да поминат одморите, рече дека, прво ќе се консултираат со експерти и ќе направат методологија. Потребно е вели, јасно да се дефинира референдумското прашање, затоа што, разговорите и протоколот со Бугарија, менувањето на Уставот и прифаќањето на преговарачката рамка се засебни процеси и не треба да се поврзуваат. Бараат преговарачката рамка да претрпи измена во членот 4, алинеја 4, што се повикува на билатералниот договор и протоколот и најверојатно на ова ќе се однесува и референдумското прашање.

За тоа, зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не гласаа „против“ заклучоците за францускиот предлог, туку излегоа од салата, Мицкоски вели дека не сакале да ѝ дадат легитимитет на одлуката на мнозинството.

Неизвесно е дали протестите ќе продолжат, но се најавуваат следни чекори на опозицијата, кои засега не се откриваат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести