На вчерашната презентација на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна дека фокусот ќе биде ставен на образованието.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 5 март, 2020 9:11

МИЦКОСКИ РАЗОЧАРАН: Образованието мора да биде фокус на новата влада

Фото/Текст извор: ©вечер

На вчерашната презентација на новата програма и мерки кои се планира да ги преземе ВМРО-ДПМНЕ доколку ја добие довербата на граѓаните и формира нова влада по изборите, беше истакнато дека нискиот и опаѓачки квалитет на образованието е сериозен проблем. ВМРО-ДПМНЕ највави дека фокусот на нивната работа во 4 годишниот мандат ќе виде токму основното, средното, но и високото образование. Во однос на основното и средното образование, Христијан Микоски истакна дека еден од начините за подобрување на квалитетот е токму покачувањето на платите на просветните работници.

Во продолжение дел од неговата изјава:

Се обрзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови 20 и реконструкција на 50 училишта низ државата. Повеќе училишта за подобри услови и поквалитетно образовние. Новите 20 училишта и реконструкцијата на 50 постројни ширум државата ќе значи пристојни услови за работа и инвестирање во идните генерации. Голем дел од постојните училишта функционираат во супстандардни услови и тоа мора да се промени.

Освен реформи во основното и средното образование, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави и реформи во високото образование. Тој прво искажа загриженост за тоа што професорите во Македонија се обесправени со плати во однос на своите колеги од другите држави во Европа. Поради тоа, новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидува зголемување на платите и за универзитетските професори.

Во однос на платите на универзитетските професори, Мицкоски истакна:

Се обрзуваме на обнова која ќе донесе поголеми примања за Универзитескиот наставен кадар. И тоа воспоставување на методологија со која ќе се обезбеди до 100 000 денари плата за редовните универзитетски професори, до 80 000 денари плата за вонредни професори, до 60 000 денари плата за доценти и до 45 илјади плата за асисистентите на факултетите. Квалитетното високо образование подразбира инвестирање во подобри услови за работа, средства и други лабораторски ресурси, но и мотивиран кадар. Токму со оваа мерка ќе се стимулира квалитетот и мотивацијата на универзитетскиот наставен кадар.

Освен зголемување на платите на професорите, ВМРО-ДПМНЕ најави и дека ќе инвестира во подобрување на условите за работа што подразбира создавање на лабаратории и други центри за вршење на истражувачка работа. Со тоа фокусот од наставната дејност ќе се помести кон истражувачката, која засега е на незавидно ниво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести