Сликата сегде е тажна, мачна, луѓето не се задоволни од секојдневието, не се задоволни од оваа политичка пандемија наречена СДСМ и Заев која трае веќе три години. Но, народот се исправа и сака промени, сака обнова. На 15 јули доаѓа обновата во Македонија, потенцираше Мицкоски!

Објавил: Владо Марин | 12 јули, 2020 13:26

Мицкоски: Раководство на СДСМ ја донесе Македонија на дното и ја претвори во хибриден режим

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Огромна победа е во најава, луѓето се обединуваат околу обновата, луѓето се решени, луѓето се одлучени да излезат и да заокружат 14! Луѓето се одлучени затоа што нашиот македонски народ се обединувал секогаш кога било најтешко во историјата, порача од Кратово, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

Сликата сегде е тажна, мачна, луѓето не се задоволни од секојдневието, не се задоволни од оваа политичка пандемија наречена СДСМ и Заев која трае веќе три години.

Она што е вистина и е факт е дека ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев ја донесе нашата држава, нашата Македонија на дното, ја претвори во хибриден режим, а на скалата на Транспарентност Интернационал по нивото на криминал и корупција практично се наоѓаме на 106 место, на дното во Европа.

Но, народот се исправа и сака промени, сака обнова. На 15 јули доаѓа обновата во Македонија, потенцираше Мицкоски!

Ние како ВМРО-ДПМНЕ изминатите 19 дена, така и денеска, зборувавме за нашата понуда, зборувавме за нашиот проект „Обнова“ кој е испишан на 360 страни, зборувавме како до повисоки плати, повисоки пензии, како до 4 милијарди евра за странски и домашни инвестиции, како до 640 милиони евра субвенции за земјоделците и нов иновативен пристап во земјоделието, како до реформи во здравството, правосудството што е есенција, изјави Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...