Од вашата одлука, додаде тој, зависи дали власта ќе добие нови 4 години, иако, според него, досега не исполнија ништо од ветеното.

-Овие избори се моментот кога е време да им кажете доста е! Доста се експериментите во здравството, образованието, локалната самоуправа, економијата. Доста се разочарувања и упропастени шанси. Доста е од чекање во чекалницата пред ЕУ! Доста е од нивните празни фрази и флоскули – порача Мицкоски.

Објавил: Перо Милчин | 7 октомври, 2021 6:44

Мицкоски: СДСМ и ДУИ почнаа очи да си вадат по улици

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Илинден ги прозва ДУИ и СДСМ дека се договориле да нема одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде изгореа 14 луѓе.

Толку се нервозни што почнаа меѓу себе да се тепаат по улици, очи да си вадат. Кога ДУИ и СДСМ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно викаат дека крив е кабелот, кога не може да се договорат за бизниси делат тупаници среде Скопје – рече Мицкоски.

Од вашата одлука, додаде тој, зависи дали власта ќе добие нови 4 години, иако, според него, досега не исполнија ништо од ветеното.

Овие избори се моментот кога е време да им кажете доста е! Доста се експериментите во здравството, образованието, локалната самоуправа, економијата. Доста се разочарувања и упропастени шанси. Доста е од чекање во чекалницата пред ЕУ! Доста е од нивните празни фрази и флоскули – порача Мицкоски.

Најдобар одговор за Зоран и зоранчињата, кој мене ми остана во длабоко сеќавање, е одговорот на баба Перса од Волково. Баба Перса е херојот на обичниот човек, која в лице му кажа и на Заев и на овие негови верни клонови што е вистината.

Кога тие велеа пред камерите асфалтирале многу улици, поставиле тротоари, баба Перса им кажа да не лажат и дека во 21 век живеат во кал, без канализација, во лоши услови. Ете тоа го мисли народот за нив.

Сето ова мора да го смениме. Да се чуе гласот на обичниот човек, порача Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика