Тој го обвини лидерот на СДСМ, но и коалицискиот партнер во владата – ДУИ, дека во овој момент се најголемите непријатели на етничките односи во земјава.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 октомври, 2021 6:06

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си играат со етничките тензии

Фото/Текст извор: ©магазин

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вчерашниот митинг во Злетово порача дека актуелната власт ќе загуби и, како што рече, треба достоинствено да се повлече.

-И во последните денови гледаме невидена црна кампања и пропаганда која само ја потврдува паниката во нивните редови. Повеќе не зборуваат за проекти, зборуваат само и само за минатото и за ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.

Тој го обвини лидерот на СДСМ, но и коалицискиот партнер во владата – ДУИ, дека во овој момент се најголемите непријатели на етничките односи во земјава.

Се што ќе чуете овие денови од нивните усти земете го со резерва. Погледнете само со каква леснотија си играат со огнот на етничките тензии, сакајќи да предизвикаат конфликт – истакна Мицкоски.

– Погледнете го само оној срам што го прават со Бугарија. Владата си ја притиска сопствената комисија и историчари да прифатат нешто што е во спротивност со фактите и уверувањата на историчарите.

Значи Заев е подготвен да прави компромис спротивно на утврдените факти од луѓе од науката.  Па има ли луѓе друг ваков пример кога сопствената држава и влада си прави штета сама на себе, вели Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.