Мицкоски вели дека тој не би можел да биде премиер на избори ако и само еден граѓанин почине поради пандемијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 мај, 2020 19:40

Мицкоски: Сите што бевме присутни на лидерската средба бевме зачудени од однесувањето на Заев!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На лидерската средба сите зборуваме за здравјето на луѓето, само Зоран Заев говораше за избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното интервју на „Топ тема“. 

Мицкоски вели дека тој не би можел да биде премиер на избори ако и само еден граѓанин почине поради пандемијата.

„Заев лицитираше со датуми – 14 јуни или 7 дена подоцна, сите ние другите присутни на лидерската кај Пендаровски останавме вчудоневидени бидејќи Заев не спомна ништо за здравјето на граѓаните од пандемијата, туку само го интересираа брзи избори“, рече Мицковски.

Генерално тоа што се случуваше на лидерската средба кај претседателот Пендаровски го кажав и на изјавата после средбата. Како претседател на најголемата политичка партија предложив еден алгоритам.

 За него здравјето на граѓаните беше второстепено, односно велеше 14 јуни па дури потоа споменуваше доколку Комисијата за заразни болести дозволи, додаде Мицкоски.

Според Мицкоски за фер и демократски изборен процес потребно е и мислењето од страна на Државната изборна комисија и ОБСЕ и ОДИХР, посочувајќи дека потребно е прочистување на изборниот список.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.