Мицковски изјави дека Заев му нудел влез во Влада и министерства за да го прифати Договорот со Грција

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2019 9:47

Мицкоски со бомбастична изјава: Заев ми нудеше влез во Влада и министерства за да го прифатам Договорот со Грција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашниот митинг во Битола, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред насобраните граѓани обелодени една тајна. Тој изјави дека Заев му нудел влез во Влада и министерства за да го прифати Договорот со Грција. Тој одбил.

-Господине Заев, во јануари 2018-тата во Клубот на пратеници се гледавме очи во очи, кога ви кажав дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ова нема да го поддржат. Ме гледавте и се согласивте со мене. Има записник. Дојде март, го повторивме истиот став заедно. Тајно преговаравте, ја парчевте, ја делевте, ја раскичмувавте татковината. Делевте и тргувавте со нешто за кое не сте се испотиле и крваревте за да го заработите. Луѓе гинеле за ова парче место. Дојде мај, исто така во Клубот на пратеници, ми рековте дека решението е Илинденска. Ви реков „мисли си ти само“. Ова е морковот господине Заев, а на дуелот на МРТ  му реков „допрва ќе видиш што ќе прифатиш“. И дојде денот кога прифати. Ама прифати капитулација затоа што сакаше да прави криминал и да се спаси од затвор. Тоа е вистината. Капитулираше за да пљачка и да се спаси од затвор. Истиот ден кога прифати беше ослободен од Основниот суд за делото поткуп, посочи Мицкоски.

Мицковски вчера попладнето ги посети пазарџиите во Битола

Мицковски потенцираше дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е одамна јасен и гласи: „Ние компромис со тие работи не правиме“! Тој вели дека премиерот Заев е нечестит човек, тој вели  по пет часа разговор, премиерот му понудил да одбере пет министерства, но Мицковски одбил.

-Нас не нè интересира криминал и ние ако лежиме затвор ќе лежиме за Македонија и идеалите, а не за криминал. Заев е нечестит човек и одлучи на едно интервју да ме клевети дека немало да прави коалиција, техничка Влада со мене. Во јули, надвор имаше 38 степени, повторно бевме во клубот на пратеници. Се гледавме очи во очи, преговаравме и после 5 часа ми рече: „Ајде еве ти влези во Владата и бирај кои сакаш 5 министерства. Само прифати го Договорот“. Ти одговорив: „Мојот образ и достоинство немаат цена. Ова не го работам ниту за пари, ниту за моќ. Не ми треба твоето милосрдие. Уживај во твојата слава, уживај во твоите привилегии затоа што знам дека за пусти пари се работи, за ништо друго“-порача Мицкоски.

Мицковски вели ВМРО, како партија ја одби ваквата понуда, бидејќи не сакале да бидат соучесници во капитулацијата.

Ја одбравме страната на народот, од прв ден до последен ден. Така и ќе биде во иднина, порача Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.