Тој порача дека на претстојните избори кои ќе треба да се одржат есенва очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ затоа што пред се таа е најголема и најорганизирана партија во Македонија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 мај, 2021 20:38

Мицкоски со нов концепт: Кандидати на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат интелектуалци кои што се познати и признаени во своите средини, со богато професионално искуство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за претстојните локални избори ќе пласира нов концепт при изборот за кандидати за градоначалници.

Тој во интервју за неделникот „Фокус“, запрашан дали при изборот на кадри за градоначалници и советници ќе се потпре на партиски кадри или ќе таргетира и независни интелектуалци, истакна дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат интелектуалци кои што се познати и признаени во своите средини.

„Ќе биде синергија од двете работи. Но, ќе таргетираме и интелектуалци што се познати и признати во своите средини и зад себе имаат богато професионално искуство“, рече Мицкоски.

Тој порача дека на претстојните избори кои ќе треба да се одржат есенва очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ затоа што пред се таа е најголема и најорганизирана  партија во Македонија.

„На овие избори се разбира, очекуваме победа. Барем еден градоначалник повеќе, или еден советник повеќе на советничките листи“, потенцираше Мицкоски додавајќи дека на овие локални избори можни се сите комбинации во однос на формирање коалиции со други политички партии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.