Нека ваквите празници бидат повод за заедничка заложба за благосостојбата и просперитет на нашата држава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 мај, 2020 10:26

Мицкоски со честитка до Власите: Ваквите празници нека бидат повод за заедничка заложба за благосостојбата и просперитет на државата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е 23 мај, националниот ден на Власите. По тој повод претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка.

Власите зборуваат на влашки јазик кој е доста близок со италијанскиот јазик и романскиот јазик, а и со албанскиот, а има и поголемо влијание од грчкиот јазик.

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на влашката етничка заедница да им го честитам празникот 23-ти мај – Националниот ден на Власите.Овој значаен ден за Влашката заедница претставува афирмација на нивната култура и традиција.Нивниот придонес за градењето на основните човечки вредности во нашето општество, но и во изградбата на нашата заедничка држава Македонија е значајно голем.Денес власите исто како и другите заедници поминуваат низ заедничките предизвици, економска неизвесност, здравствена криза, несигурност и ерозија на моралните вредности наметнати од неодговорното лидерство на државата. Положбата на заедниците не се подобрува со убави зборови, туку со работа, стратегија и конкретен план.Во овие тешки моменти за нашата земја посакувам добро здравје, надминување на предизвиците и подобар живот за Власите и за сите граѓани на Република Македонија.

Нека ваквите празници бидат повод за заедничка заложба за благосостојбата и просперитет на нашата држава.

Власи (Ароманци, Цинцари и Куцовласи) — народ од романската група, населен ширум Балканскиот Полуостров. За нивното потекло има повеќе тези. Некои проучувачи тврдат дека Власите се остатоци од Ромеите, односно потомци на Римјаните, а други пак сметаат дека Власите се потомци на Трако-Илирите, Епирците или Тесалијци‎те, но сепак без сомнение е тезата дека тие се староседелско население на Балканскиот Полуостров. Според најновите проучувања за Власите со сигурност се смета дека се потомци на Ромеите, односно остаток од некогашните Византијци, а се смета дека се населени во времето на доаѓањето на Римјаните на Балканскиот Полуостров во I век п.н.е.

Власите зборуваат на влашки јазик кој е доста близок со италијанскиот јазик и романскиот јазик, а и со албанскиот, а има и поголемо влијание од грчкиот јазик.

Во почетокот на XIV век Власите како еден од најбогатите балкански народи го формирале градот Москополе во кој постоела „Нова Академија“, првата академија на Балканот, повеќе од 70 цркви и училишта како и печатница. Подоцна Москополе било разурнато од албанските банди, по што голем бран на Власи здружени со Власите од околината на планината Грамос се населил во Македонија (Крушево, Осоговски Планини, Овче Поле, Штипско итн).

Познати влашки племиња се: Власи Каракачани (во Македонија, Грција и Бугарија), Краински Власи (во Србија), Истарски Власи (во Хрватска), Мегленски Власи (во Мегленска Котлина во Егејска Македонија – Грција) итн.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести