Нека денешниот празник донесе мир, спокој, добро здравје и бериќет за сите во Македонија.
Бог се јави!

Објавил: Мате Парлоф | 19 јануари, 2022 9:29

Мицкоски со честитка за Водици: Нека денешниов празник донесе мир и спокој во секој дом

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дозволете ми, во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите православни христијани во Македонија да им го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Овој празник на крштевањето на Исус Христос во светите води на реката Јордан ја има симболиката на духовното раѓање и прочистувањето.

Овој ден ја носи пораката на големата верба и надеж дека секое искушение и предизвик може да биде надминат ако сме водени од љубовта кон Бога, љубовта кон своите ближни, кон нашите пријатели и соседи.

Само во духот на милосрдието и посветеноста кон добрите дела, ќе црпиме сила за заеднички да го постигнеме напредокот на нашата татковина Македонија.

Вербата и сплотеноста, велат, планини поместуваат. Нашиот предизвик е заедно со народот оваа апатичност, безнадежност и секојдневните порази со кои денес живееме, да ги замениме со перспективност, развој и среќа на граѓаните. Нашата цел е да ја промениме тажната реалност, која поради нивната неодговорност и неспособност, елитите ја претставуваат како неизбежност.

Минатото нè учи дека ако се сака и ако се има верба во капацитетот на сопствениот народ, може да се направи подобро утре. Традицијата и заедничките вредности покажале низ историјата дека можеме заедно да градиме подобра иднина за сите.

Нека денешниот празник донесе мир, спокој, добро здравје и бериќет за сите во Македонија.
Бог се јави!
Нека е честит и за многу години големиот христијански празник Богојавление – Водици!

Христијан Мицкоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...