ВМРО - ДПМНЕ викендов со протестен марш во Кочани, претседателот Мицкоски побара оставки од министрите Димитров и Спасовски, протестите продолжуваат во среда пред Влада

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 декември, 2018 9:42

Мицкоски со шест барања до Власта, меѓу кои и оставки на Димитров и Спасовски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Македонската опозиција од протестниот марш во Кочани почна со испорачувањето на барања до Владата.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара оставки на министрите за надворешни и внатрешни работи, едниот заради тоа што сопствената нација ја нарече искомплексирана, а вториот заради теророт и прогонот на неистомислениците.

Воедно побара да се стопира иницијативата за покачување на даноците, почист воздух со мерки, а не само декларативно, да се почитува волјата на народот на референдумот и да се формира независно тело, на кое првиот човек да е предложен од опозицијата, а кое ќе ги преслуша сниманите разговори во обвинителството.

Претседателот на опозицијата на Заев му порача дека на наредните избори ќе биде поразен од народот, а смета дека битката која ја почнале нема да биде за ден или два, затоа што како што рече не е рамномерна.

Но, ВМРО – ДПМНЕ има предизвик, бидејќи се што ветила власта за младите, студенти, бизнисот, лекарите, наставниците не е реализирано.

Мицкоски на протестниот марш забележа дека продолжува битката да не се случат уставните измени и промената на името, а го повика и народот да застанат во нивните редови, за да како што рече се победи власта предводена од аболициран премиер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести