Мицковски го нарекува СЈО дувло за непотизам, институција каде се вработуваат ќерките, синовите, братучедите прашувајќи дали овие луѓе кои што се ставале во одбрана на криминалот со последниот случај „Рекет“ ќе може да се борат бескомпромисно со криминалот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јули, 2019 10:25

Мицкоски: СЈО е пример за непотизам – вработени ќерки, синови, братучеди на обвинители

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното интервју на тв Сител, лидерот на опозицискат апартија ВМРО, Христијан Мицкоски, истакна дека нивните забелешки во врска со СЈО се принципиелни, тие велат најпрвин човечкиот ресурс кој што располага СЈО за нив е дискутабилен и проблематичен.

-Зошто? Дел од тој човечки ресурс, вклучително и Специјалната јавна обвинителка и јавните обвинители кои што биле тим на СЈО, гледаме дека се комплетно контаминирани со случајот Рекет според закон не можат да се вратат во ова ново формирано обвинителство или ново формирано одделение, без разлика тие мора да се вратат во обвинителствата од каде биле преземени во рамките на СЈО, вели тој.

Интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Сител ТВ

Мицковски го нарекува СЈО дувло за непотизам, институција каде се вработуваат ќерките, синовите, братучедите прашувајќи дали овие луѓе кои што се ставале во одбрана на криминалот со последниот случај „Рекет“ ќе може да се борат бескомпромисно со криминалот.

-Потоа имаме друг човечки ресурс кој што е дел од СЈО како што е внукот на Катица Јанева, како што е идната снаа на Катица Јанева, како што се двајцата братучеди на еден од обвинителите Гаврил Бубевски, како што се синот и внукaтa на една од обвинителките таму, како што е ќерката на поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски, како што синот на Лиле Неделкова, да ви ги редам останатите роднини, пријатели, комшии и соседи на Катица Јанева. Е со овој нов закон се предвидува сите овие договорци да бидат превземени од страна на новото обвинителство и сега се поставува прашањето кого подржуваме ние, луѓето кои што биле соучесници во процесот Рекет за да го заштитат истиот тој процес или пак тие треба да се борат да бидат бескомпромисни со криминалот, објасни Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести