Македонија е оценета дека не е безбедна. Каде стоиме очајно лошо!

Објавил: Владо Марин | 7 јуни, 2020 18:57

МИЦКОСКИ: „Форбс“ објави листа на безбедни земји за заштита од пандемијата, Македонија ја нема!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Дури и Лаос, Камбоџа, Парагвај, Бангладеш, Иран, па и изворот од каде се започна Кина, се побезбедни земји во однос од Корона вирусот, споредено со Македонија.

ФОРБС ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на Корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска , Словенија…

Македонија е оценета дека не е безбедна. Каде стоиме очајно лошо, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски!

При истражувањето на ФОРБС се земени 130 параметри, меѓу кој ефикасноста на спроведените мерки, откривањето на заразени и бројот на тестирања, ефикасноста на здравствениот систем и спремноста на владите во борба против заразата. Земјите прогласуваат победа, додека ние сме во фаза на капитулација во борбата против короната. Опасната неспособност на владата на Заев, Спасовски и површноста на Филипче не доведе до катастрофални резултати, вели Мицкоски!

Секој ден бележиме троцифрена бројка на новозаразени, а Филипче и Заев глумат нормалност.

Само ќе потсетам дека она што тие го нарекуваа пик пред два месеци изнесуваше 30 новозаболени, и еден или двајца починати, денес имаме троцифрени бројки на новозаразени и дупло од тогаш починати, а ни викаат дека се е нормално и лажат дека вирусот слабее.

Бројките на ФОРБС жестоко ги демантираат.
Македонија не е ниту во стотте најбезбедни земји во борбата против Корона додека сите земји од регионот се подобро рангирани, тврди Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...