среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



-Сите најдобри закони да ги препишеме и да ги имплементираме во Македонија ќе ги поддржиме.

Објавил: Владо Марин | 29 септември, 2020 19:50

Мицкоски: Јас сум последниот браник против криминалот и корупцијата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Не сум ни директно, ни индиректно поврзан со малите хидроцентрали и со производството на струја, тврди лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју на Топ Тема!

-Сите најдобри закони да ги препишеме и да ги имплементираме во Македонија ќе ги поддржиме. Сето тоа на хартија убаво изгледа, но поентата е како тоа во пракса да се применува јас токму тоа се обидувам да објаснам затоа луѓето се чувствуваат разочарани и обесправени. Јас ви давам збор дека ВМРО-ДПМНЕ сите најдобри судски пракси од ЕУ ќе ги поддржи, тоа не е суштината. Суштината е како тоа се применува, додаде Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ стои на страна затоа што биле одбиени, како за преговорите за Преспанскиот договор, така и сега за спорот со Бугарија.

„Секогаш сме биле со иницијатива за да учествуваме во преговорите. Еве ќе видите, ние како партија ќе бидеме заобиколени од телата за Законот за попис“, смета Мицкоски.

-Ако цената се определува од први јули, а сега се најавува од август јасно сега се поставува прашањето зошто е тоа така. Одговорот е многу едноставен, затоа што имаше избори и на сите им беше јасно дека цената на електричната енергија за граѓаните кои ја добиваат од универзалниот снабдувач ќе биде поголема. А зошто на сите им беше јасно, затоа што е нереално голем процентот кој го има универзалниот снабдувач објасни Мицкоски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.