Јас мислам дека веднаш после одлуката на Европскиот совет дали Македонија ќе ги отпочне или нема да ги отпочне преговорите со Европската Унија, вели Мицкоски.

Објавил: Перо Милчин | 29 септември, 2019 18:50

Мицкоски: “Јас сум свесен дека граѓаните се уморни од одржување на било какви избори”

Фото/Текст извор: ©магаѕин.мк

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител, рече дека е свесен дека граѓаните се уморни од одржување на било какви избори, дали се тоа парламентарни или локални.

Во гостувањето во емисијата Детектор на телевизија Сител, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека ќе испрати писмо до Европската Народна Партија (ЕПП) во кое ќе побара помош од сестринските партии, за Македонија да добие датум за преговори со Европската Унија.

– Јас сум свесен дека граѓаните можеби се уморни од одржување на било какви избори, дали се тоа парламентарни или локали, но истовремено целокупната реалност која денеска се случува во Република Македонија наметнува императив да се случат едни такви предвремени парламентарни избори бидејќи тоа е единствениот начин да видиме дали навистина блескаме како што вели премиерот Зоран Заев или пак работите се сосема спротивни и се антипод на блескаме, а тоа е класична мизерија која што денеска е реалност во Република Македонија и која што граѓаните ја живеат таа мизерија. – вели тој.

Јас мислам дека веднаш после одлуката на Европскиот совет дали Македонија ќе ги отпочне или нема да ги отпочне преговорите со Европската Унија, а се надевам дека ќе ги отпочнеме, можеме да формираме техничка Влада и веднаш потоа таму некаде март месец да одржиме едни предвремени парламентарни избори и да провериме дали тоа што опозицијата го говори е така или пак тоа што го говори премиерот е вистината. – заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицкоски.

Премиерот Зоран Заев исто така гостуваше во емисијата Детектор и рече дека 1ТВ бил провладин медиум со што директно ги етикетира медиумите како провладини и опозициски.

– Претставува случај кој недвојбено без резерва на било кој се става силен печат на независноста на право судниот систем во овој случај на јавното обвинителство растеретено од било какви притисоци да истера истрага за вака висока корупција. Ете има еден обвинител во притвор, има газда на медиум, провладин медиум ете така да го кажам во притвор. – рече премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.