Христијан Мицковски, е убеден во победата на ВМРО, односно во победата на кандидатката Гордана Силјановска Давкова.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 мај, 2019 18:32

Мицкоски: Ќе се сеќаваме на овој ден на кој народот и го зададе најголемиот удар на власта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Уште неполн час до завршувањето на вториот круг од гласањето за претседател на Македонија.

Според последните информации од ДИК, ќе се постигне потребниот цензус

На својот Фејсбук профил се огласи лидерот на опозициската партија, Христијан Мицковски, кој е убеден во победата на ВМРО, односно во победата на кандидатката Гордана Силјановска Давкова.

Во последните минути од гласањето сакам да истакнам неколку работи. Колку тие удираат и притискаат ниско, ние ќе ги победиме повисоко. Сега е моментот кога треба да се биде гласен, да се има став и да се казнат оние кои потценуваат, се препелкаат, притискаат и манипулираат. Тие мислат дека управуваат со животите, да им кажеме дека народот управува со државата. Излезете и гласајте за Македонија, за татковината, за вас, вашите најмили, за заедничката иднина. Вие сте сами позади параванот, господар на вашиот глас.

Тој ги повикува граѓаните да не ја пропуштаат оваа шанса, како што вели да се зададе удар на власта. 

Не ја пропуштајте оваа можност да кажете што мислите. Гласајте со чест, која сакаат да ни ја земаат, со достоинство кое пробаа да ни го нарушат, со пркост кој сакаат да ни го стишат. Сега и требате на нашата земја, и требате на Македонија. Не делат милиметри од победа, заеднички да ги изодиме. И по години од сега со гордост заеднички да се потсетуваме, 5 мај беше денот кога народот и го зададе најголемиот удар на власта, и се избори за правда. За Македонија!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.