Грчкиот премиер рече дека за Западен Балкан, Грција е столб на стабилноста, изрази поддршка за членство во ЕУ, но доколку се почитуваат меѓународните договори, владеењето на правото и малцинските права – став кој Атина го изразува во однос на Албанија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 октомври, 2019 11:06

Мицотакис: Го поддржуваме патот до членство на ЕУ за нашите северни соседи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис изрази поддршка за членство во ЕУ за северните соседи, пред почетокот на вчерашниот самит на Унијата. Ваквата изјава на Мицотакис, опозициската СИРИЗА ја коментира како големо „салто“, но истовремено и ја поздравуваат, jави дописничката на МИА од Атина.

Лидерот на грчката опозиција Кирјакос Мицотакис неодамна изјави дека “никогаш нема да посака добредојде на премиер Македонец”

Грчкиот премиер рече дека за Западен Балкан, Грција е столб на стабилноста, изрази поддршка за членство во ЕУ, но доколку се почитуваат меѓународните договори, владеењето на правото и малцинските права – став кој Атина го изразува во однос на Албанија.

-Го поддржуваме патот до членство на ЕУ за нашите северни соседи, под услов целосно да ги почитуваат меѓународните договори што ги имаат потпишано, да се посветени на владеењето на правото и секако да ги почитуваат правата на малцинството, рече Мицотакис пред почетокот на Самитот на ЕУ.

Изјавата на грчкиот премиер, преку соопштение ја коментираа од опозициската СИРИЗА.

-Го поздравуваме ова големо салто на господинот Мицотакис сега кога бара почеток на интегративниот тек за Северна Македонија и целосно почитување на Договорот од Преспа, соопштуваат од опозициската СИРИЗА и додаваат дека тоа е во корист и на Грција и на Европа.

Од СИРИЗА коментираат дека можеби следниот пат, Мицотакис наместо „северни соседи“, ќе изговори „Северна Македонија“.

-Следниот пат кога ќе ги спомене нашите „северни соседи“, можеби и ќе успее да изговори и „Северна Македонија“, велат од грчката опозициска партија, истакнувајќи дека „борците за Македонија“ кои му помогнаа да дојде на власт, „сега сфаќаат дека ги измами“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика