Грција не може сама да го поднесе товарот на масовното движење на луѓето кои бегаат од војните и угнетувањето или едноставно бараат подобра иднина, како што е случај во последно време

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 септември, 2019 11:24

МИЦОТАКИС: „Грција игра клучна улога во економскиот развој на целиот балкански регион„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Климатските промени, бегалскиот проблем, кипарското прашање, односите со Турција, но и европската перспектива на земјите од Западен Балкан беа темите на кои се осврна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговото обраќање на Генералното собрание на ОН, jави дописничката на МИА од Атина.

– Во однос на нашите соседи на север, Грција ќе продолжи да ги поддржува напорите на сите земји од Западен Балкан да се интегрираат во Европската унија, доколку ги исполнуваат нивните меѓународни обврски кон Европската унија и нивните обврски кон соседите. Грција игра клучна улога во економскиот развој на целиот балкански регион, благодарение на трговските можности што ги нудат нејзините пристаништа во Пиреас и Солун, како и нејзината позиција како важен инвеститор во Југоисточна Европа. Ќе продолжиме, уште поинтензивно, да го правиме тоа во иднина, рече Мицотакис.

Мицотакис зборуваше за бегалското прашање, вели дека Грција стигнува на границите на нејзините можности за справување со проблемот и не може сама да го поднесе товарот, истакна дека е потребен колективен пристап со праведна распределба на одговорностите во рамките на ЕУ, како и почитување на договорот меѓу Унијата и Турција.

– Треба на нашите европски партнери да им го кажеме очигледното: Грција не може сама да го поднесе товарот на масовното движење на луѓето кои бегаат од војните и угнетувањето или едноставно бараат подобра иднина, како што е случај во последно време. За овие луѓе, Грција не е нивната крајна дестинација. Доаѓаат во Европа преку нашата надворешна граница, која всушност е грчката граница, рече Мицотакис

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.