Кикилас рече дека анализите што ги добиваат од надлежните комисии и епидемиолозите се загрижувачки и оти велат дека Грција влегува во третиот бран на пандемија на вирусот корона!

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 февруари, 2021 11:43

МИЦОТАКИС ЗАКАЖА СОСТАНОК ЗА ЕПИДЕМИОЛОШКА СОСТОЈБА: Грција влегува во третиот бран на пандемија – Атина повторно се става во карантин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Атина повторно ќе влезе во строг карантин, додека пак грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис свика вонреден состанок за да ја процени епидемиолошката состојба во таа земја!

Мојата препорака до комисијата е да се оди на строго„ заклучување “, веројатно како минатиот март“, рече министерот за здравство на Грција, Василис Кикилиас, зборувајќи на Отворена телевизија и потенцирајќи дека оваа мерка е особено важна во областа на Атина!

Кикилас рече дека анализите што ги добиваат од надлежните комисии и епидемиолозите се загрижувачки и оти велат дека Грција влегува во третиот бран на пандемија на вирусот корона!

Тој додаде дека се исполнети 71% од болничките капацитети во поширокиот регион на Атина. Кикилас рече дека имало зголемување од 11% од случаите кај деца под девет години.

Помеѓу 24 и 30 јануари, во Грција биле регистрирани 6.676 нови случаи, од кои 435 биле деца на возраст под девет години.

Мицотакис закажа средба за денес со министерот за здравство, заменик министерот за цивилна заштита, епидемиологот кој е шеф на надлежната комисија и претседател на Националната организација за јавно здравје, со цел да се процени епидемиолошката состојба во таа земја!

Инаку, Грција е во карантин од 7 ноември минатата година, а шест дена подоцна беше воведен полициски час.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.