Мицотакис ја обвинува владата дека со употребениот солзавец на вчерашниот протест, единствено сакала да ги заплаши и избрка граѓаните.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 јануари, 2019 9:39

Мицотакис: “Милиони Грци не се согласуваат со договорот од Преспа”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот на Нова демократија ,Киријакос Мицотакис по синоќешниот протест во центарот на Атина, рече дека на протестите говореше грчкиот народ и неговиот глас мораат сите да го слушаат и почитуваат.

Киријакос Мицотакис лидерот на најголемата грчка опозициска партија рече дека договорот е против „националното чувство“ и без согласност од другите партии, но исто така и дека признава македонски јазик и идентитет, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис ја обвинува владата дека со употребениот солзавец на вчерашниот протест, единствено сакала да ги заплаши и избрка граѓаните.

-Денес (владата) не се двоумеше со солзавец да нападне стотици илјади мирни демонстранти. Меѓу нив беа семејствата, мали деца и постари лица. Да знаат сите дека ќе се бараат одговорности за она што денеска се случи на Синтагма. И кои имаа една цел да се растури собирот. Вештачките мнозинства во Парламентот се празни бројки пред милионите Грци кои не се согласуваат. Пропагандата СИРИЗА не може да ја скрие вистината. Станува збор за договор што ја менува децениската надворешна политика, признава македонски идентитет и јазик за соседите и го зајакнува нивниот иредентизам, вели Мицотакис.

Мицотакис изјави дека дека следнава недела, Нова демократија, со аргументи и решително, ќе се обиде да не се ратификува Договорот од Преспа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...